И му рече Сараја на Аврам: „Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не раѓам; туку влези кај слугинката моја, можеби ќе добијам деца од неа.“ И Аврам ги послуша зборовите Сарајини. И така, откако Аврам преседе десет години во земјата хананска, Сараја, жената Аврамова, ја зеде слугинката своја, Египќанката Агара, и му ја даде на мажот свој Аврам за жена. И тој влезе кај Агара, и таа зачна; а кога виде дека зачна, ја презре господарката своја.
Прочитај Создавање 16
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 16:2-4
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа