Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 16:1-6

Создавање 16:1-6 MK2006

Но Сараја, жената на Аврам, не му раѓаше. А имаше таа слугинка Египќанка, по име Агара. И му рече Сараја на Аврам: „Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не раѓам; туку влези кај слугинката моја, можеби ќе добијам деца од неа.“ И Аврам ги послуша зборовите Сарајини. И така, откако Аврам преседе десет години во земјата хананска, Сараја, жената Аврамова, ја зеде слугинката своја, Египќанката Агара, и му ја даде на мажот свој Аврам за жена. И тој влезе кај Агара, и таа зачна; а кога виде дека зачна, ја презре господарката своја. А Сараја му рече на Аврам: „Нав­редата моја е вина твоја; јас ти ја препуштив во прегратки слугинката моја, а таа, откако разбра дека зачна, започна да ме презира. Господ нека суди меѓу мене и тебе!“ Тогаш Аврам ѝ рече на Сараја: „Ете, слугинката твоја е во твои раце, прави со неа што сакаш!“ И Сараја почна да ја угнетува, и таа избега од неа.