Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Создавање 12:10-20

Создавање 12:10-20 MK2006

Но имаше глад во таа земја и Ав­рам слезе во Египет да поживее таму; зашто гладот продолжи во оваа земја. И кога се доближуваше до Египет, ѝ рече на жената своја Сараја: „Еве, јас знам дека си убава жена; затоа, кога ќе те видат Египќаните, ќе речат – оваа му е жена – па ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива. Туку, кажи дека си ми сестра, за да ми биде добро покрај тебе и да ме остават жив поради тебе.“ И кога дојде Аврам во Египет, Егип­ќаните видоа дека таа е многу убава жена. Ја видоа и дворјаните фараонови, па ја пофалија пред фараонот. И жената беше одведена во домот фараонов. И поради неа Аврам живееше до­бро; имаше ситен и крупен добиток, магариња, слуги, слугинки, маски и камили. Но Бог пушти големо зло на фа­раонот и на неговиот дом поради Са­раја, жената Аврамова. Тогаш фараонот го повика Аврам и му рече: „Зошто ми го направи тоа? Зошто не ми кажа дека ти е жена? Зошто рече ‚сестра ми е‘, па јас сакав да ја земам за жена?! Сега, пак, ете ти ја жената, земи си ја и оди си!“ И фараонот определи луѓе, кои го испратија Аврам и жената негова, со сѐ што имаше.