Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината? Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика. Малку квас го потквасува целото тесто. Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда. А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме гонат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот. О, да беа отсечени оние што ве бунеа! Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе. А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг. Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти. Зашто, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате. Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.
Прочитај Галатјаните 5
Слушај Галатјаните 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Галатјаните 5:7-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа