Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 5:1-15

Галатјаните 5:1-15 MK2006

Стојте во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем! Еве, јас, Павле, ви велам: ако се об­р­езувате, Христос ништо нема да ви помогне. А му сведочам пак на секој човек што се обрезува дека тој е должен да го почитува целиот Закон. Вие, што посакавте да се оправдувате со Законот, Го изгубивте Христос, отпаднавте од благодатта; а ние се надеваме и очекуваме оп­равдание од верата преку Духот. Зашто во Христос Исус ниту обре­за­нието има сила, ниту необрезанието, ту­ку верата, која дејствува преку љубовта. Вие трчавте добро: кој ви попречи да не се покорувате на вистината? Тоа убедување не е од Оној Кој ве повика. Малку квас го потквасува целото тесто. Јас сум уверен за вас во Господ дека вие нема да мислите инаку; а оној, кој ве збунува, – кој и да бил, – ќе претрпи осуда. А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме гонат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот. О, да беа отсечени оние што ве бунеа! Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг. Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближ­ни­от како самиот себе. А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.