Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 3:15-20

Галатјаните 3:15-20 MK2006

Браќа, зборувам како човек: и утврдениот човечки завет никој веќе не го растура ниту му додава нешто. Но ветувањата му беа дадени на Авраам и на семето негово. Не е ре­чено: „И на семињата“, како за мнозина, туку како за еден: „И на семето твое“, кое е Христос. Ова сакам да го кажам: Заветот што Бог го даде не може да биде обез­вреден од Законот, кој е настанат четиристотини и триесет години подоцна, така што ветувањето би можело да ја изгуби силата. Зашто, ако наследството е добиено по Законот, тоа веќе не е според ветува­њето; а на Авраам Бог му го дари по ветување. Зошто е, пак, даден Законот? Тој е додаден поради престапите, додека не дојде семето, на кое се однесува ветувањето, и е предаден преку ангели, пре­ку рака на посредник. Но посредникот не може да биде са­мо посредник на еден, а Бог е еден.