а сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се. Зашто е напишано: „Проклет да е секој кој не исполнува постојано сѐ што е напишано во книгата на Законот!“ А дека преку Законот никој не се оправдува пред Бога, се знае, зашто „Праведниот ќе живее преку верата.“ А Законот не е од верата, туку зборува: „Кој ќе ги исполни овие работи, тој ќе биде жив преку нив.“ Христос нѐ откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство, бидејќи е напишано: „Секој да е проклет што виси на дрво!“, така што благословот даден на Авраам да дојде преку Исус Христос врз незнабошците, за да Го добиеме ветениот Дух преку верата.
Прочитај Галатјаните 3
Слушај Галатјаните 3
Сподели
Спореди ги сите верзии: Галатјаните 3:10-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа