Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 2:16-21

Галатјаните 2:16-21 MK2006

Но знаеме дека човекот не се оп­равдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. За­тоа и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме преку верата во Христос, а не преку делата на Законот; зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда. Ако, пак, барајќи да се оправдаме во Христос, и сами се најдовме греш­ни­ци, не е ли тогаш Христос слуга на гре­вот? Тоа никако! Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник; преку Законот умрев за Законот, за да живеам за Бога. Се распнав заедно со Христос; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и Себе се пре­да­де за мене. Не ја отфрлам благодатта Божја; зашто ако праведноста се придобива преку Законот, тогаш Христос залудо умрел.