Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ездра 2:1-70

Ездра 2:1-70 MK2006

Ова се луѓето од земјата кои беа преселени во прогонство, кога ва­вилонскиот цар Навуходоносор ги беше одвел во Вавилон. Тие се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град, а дојдоа со Зоровавел, Јешуа, Нее­мија, Сераја, Реелаја, Мардохеј, Бил­шан, Миспар, Бигвај, Рехум и Баана. Еве го бројот на луѓето од народот Из­раелов: потомци на Парош – две илјади сто седумдесет и двајца; потомци на Сафатија – триста седумдесет и двајца; потомци на Арах – седумстотини седумдесет и пет; потомци на Пахат-Моав, односно од потомците на Јешуа и на Јоав – две илјади осумстотини и дванаесет; потомци на Елам – илјада двесте педесет и четири; потомци на Зату – деветстотини четириесет и пет; потомци на Закај – седумстотини и шеесет; потомци на Ваниј – шестотини четириесет и двајца; потомци на Бевај – шестотини дваесет и тројца; потомци на Азгад – илјада двесте дваесет и двајца; потомци на Адоникам – шестотини шеесет и шест; потомци на Бигвај – две илјади педесет и шест; потомци на Адин – четиристотини педесет и четири; потомци на Атер – од домот на Езекија, – деведесет и осум; потомци на Бецај – триста дваесет и тројца; потомци на Јора – сто и дванаесет; потомци на Хашум – двесте дваесет и тројца; потомци на Гибар – деведесет и пет; од Витлеем – сто дваесет и тројца; луѓе од Нетофа – педесет и шест; луѓе од Анатот – сто дваесет и осум; луѓе од Азмавет – четириесет и двај­ца; луѓе од Кирјат-Јарим, Кефира и Беерот – седумстотини четириесет и тројца; од Рама и Гева – шестотини дваесет и еден; жители од Михмас – сто дваесет и двајца; жители од Ветил и Гај – двесте дваесет и тројца; жители од Нево – педесет и двајца; жители од Магбиш – сто педесет и шест; потомци на другиот Елам – илјада двесте педесет и четири; потомци на Харим – триста и дваесет; жители од Лод, од Хадид и од Оно – седумстотини дваесет и пет; од Ерихон – триста четириесет и пет; од Сенаа – три илјади шестотини и триесет. Свештеници: потомци на Једаја од домот на Јешуа – деветстотини седумдесет и тројца; потомци на Имер – илјада педесет и двајца; потомци на Пашхур – илјада двесте четириесет и седум; потомци на Харим – илјада и седумнаесет; левити: потомци на Јешуа и на Кадмиел, од потомците на Ходавија – седумдесет и четири. Пејачи: од потомците на Асаф – сто дваесет и осум. Потомци на чуварите на вратите: потомци на Селум, потомци на Атер, потомци на Талмон, потомци на Акув, потомци на Хатита, потомци на Шовај – вкупно сто триесет и девет. Храмови прислужници: потомци на Циха, на Хасуфа, на Табаот, на Керос, на Сиаха, на Падон, на Левана, на Хагава, на Акув, потомци на Хагав, на Салмај, на Ханан, потомци на Гидел, на Гахар, на Реаја, на Рецин, на Некода, на Газам, на Оза, на Пасеах, на Бесај, на Асна, на Меуним, на Нефусим, на Бакбук, на Хакуфа, на Харур, на Бацлут, на Мехида, на Харша, на Баркос, на Сисера, на Темах, на Нецијах и на Хатифа. Потомците на Соломоновите слу­ги: потомци на Сотај, на Хасоферет, на Перуда, на Јаала, на Даркон, на Гидел, на Сафатија, на Хатил, на Похе­рет-Хацеваим и на Амиј. Вкупно храмови прислужници и потомци на Соломоновите слуги – триста деведесет и двајца. А ова се имињата на оние кои трг­наа од Тел-Мелах, Тел-Харша, Керув, Адан, Имер, иако тие не мо­жеа да докажат, дали нивното поколение или семејство потекнува од Израел: потомци на Делаја, Товија и Некода – шестотини педесет и двајца. Уште и од потомците на свеште­ниците: потомци на Хаваја, Какоц, Верзелиј, кој се ожени со една од ќер­ките на Галаадчанецот Верзелиј и поч­на да се именува со нивното име. Тие го бараа својот родословен за­пис, и не го најдоа, затоа беа исклу­чени од свештенството. И управителот им рече да не јадат од најсветото од жртвите, додека не се постави свештеник со урим и тумим. Сите заедно собрани сѐ на сѐ чети­риесет и две илјади и триста и шеесет луѓе, освен слугите нивни, кои беа седум илјади триста триесет и седум и нивните двесте пејачи и пејачки. Коњи имаа седумстотини триесет и шест, маски – двесте четириесет и пет, камили имаа четиристотини трие­сет и пет, магариња – шест илјади седумстотини и дваесет. Некои од старешините на домо­вите, откако ќе дојдеа во домот Гос­подов, во Ерусалим, со драго срце даруваа за домот Божји за да се обнови врз основите негови. Колку што им достигаше раката, тие дадоа во ризницата за работа шеесет и една илјада златни даријки, и пет илјади мини сребро и сто свеш­тенички одежди. Така се населија пак и свештени­ците и левитите, и народот и пејачи­те, и чуварите на вратите и служите­лите во храмот, и целиот Израел во градовите свои.