Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 4

4
Претскажување опсада на Ерусалим
1„А ти, сине човечки, земи една тула и стави ја пред себе и нацртај го на неа Ерусалим; 2и постави опсада околу него, напра­ви тврдина кон него, направи и насипи околу него, постави логор против него и нареди наоколу спроти него машини за уривање ѕидови. 3Потоа земи железна плоча и поста­ви ја како железен ѕид меѓу себе и градот, па сврти го лицето свое спроти градот и тој ќе биде опседнат, опседнувај го ти. И тоа ќе биде знак за домот Израелов. 4Ти, пак, легни на својата лева страна и стави го врз неа беззаконието на домот Израелов; според бројот на де­новите, – сто и педесет – во кои ќе лежиш врз неа, толку ќе го носиш беззаконието нивно. 5А Јас ти ги определив годините на беззаконието нивно според бројот на деновите; триста и деведесет денови ќе го носиш беззаконието на домот Израелов. 6#4 Мојс 14,34И кога ќе ги исполниш, повторно легни, но сега на својата десна страна и четириесет денови носи го беззаконието на домот Јудин, ден за година, ден за година ти определив. 7Па сврти го лицето свое и мишката на својата десна страна кон опсадениот Ерусалим, и пророкувај против него. 8Ете, Јас поставив врз тебе окови, и ти не ќе можеш да се свртиш од едната страна на другата, додека не ги исполниш деновите на твојата опсада. 9Земи си пченица и јачмен, боб и леќа, просо и 'рж, и сипи ги во еден сад и направи си од нив лебови, според бројот на деновите, кога ќе лежиш на страната своја, триста и деведесет де­нови ќе ги јадеш. 10И јадењата, со кои ќе се храниш, јади ги со мерка, по дваесет шекели на ден; одвреме навреме јади го тоа. 11И вода пиј со мерка, по шестина од ин; одвреме навреме пиј. 12#Ис 36,12А ќе ги јадеш јачмените погачи и печи ги пред нивните очи на човечко ѓубре.“ 13#Ос 9,3И рече Господ: „Израеловите си­нови така ќе јадат нечист леб меѓу оние народи, кај кои ќе ги прогонам.“ 14#3 Мојс 17,15; Дела 10,14Тогаш реков: „О, Господи Боже, ду­шата моја никогаш не се осквернила и од младоста моја па сѐ досега никогаш не сум јал мрша и раскинато од ѕверка; и никакво нечисто месо не влегло во устата моја.“ 15И ми рече Тој: „Ти дозволувам мес­то човечко ѓубре, земи говедско ѓубре, и на него печи го лебот свој.“ 16#12,17-19; 3 Мојс 26,26; Ис 3,1И пак ми рече: „Сине човечки, еве во Ерусалим Јас ќе ги скусам резервите на леб, и ќе јадат леб со мерка и во жа­лост, и вода ќе пијат со мерка и во тага, 17#3 Мојс 26,39зашто кај нив ќе снема леб и вода, и тие со ужас ќе се гледаат еден со друг и ќе умираат во беззаконието свое.“

Селектирано:

Езекиел 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се