Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 37:1-14

Езекиел 37:1-14 MK2006

И се спушти раката Господова врз мене и Господ ме изведе пре­ку духот, ме постави среде полето – а тоа беше полно со коски, и ме проведе околу нив, а таму има­ше многу, многу коски во полето и тие беа наполно суви. И ми рече: „Сине човечки, ќе ожи­веат ли овие коски?“ И реков: „Господи Боже, Ти го знаеш тоа.“ Па ми рече: „Изречи пророштво за тие коски и кажи им: ‚Коски суви, чујте го словото Господово!‘ Така им вели Господ Бог на оние коски – еве, Јас ќе внесам во вас дух и вие ќе оживеете. Ќе ви дадам жили, ќе направам на вас да израсне месо, ќе ве покријам со кожа и ќе вдахнам во вас дух, па ќе оживеете и ќе познаете дека Јас сум Господ.“ Јас го изреков ова пророштво како што ми беше заповедано, и кога пророкував, се чу шум, и, ете, движење, па почнаа коските да се зближуваат, секоја коска до својата коска. И видов, ете, имаше жили на нив, и месо израсна, кожа ги покри одозгора, но дух немаше во нив. Тогаш Тој ми рече: „Изречи про­роштво за духот, изречи пророштво, сине човечки, и кажи му на духот, вака вели Господ Бог: ‚дојди од четирите ветра, духу, и дувни врз овие убиени и тие ќе оживеат.‘“ И јас го изреков ова пророштво како што ми заповеда Тој и влезе во нив дух – и тие оживеаја и се исправија на нозете свои – многу, многуброен народ. Тогаш Тој ми рече – сине човечки, овие коски се сиот дом Израелов. Ете, тие велат: „Се исушија нашите коски, и загина нашата надеж – ние сме истрг­нати од коренот.“ Затоа изречи пророштво и кажи им – вака вели Господ Бог: „Еве, Јас ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изве­дам, народе Мој, од гробовите ваши и ќе ве воведам во земјата израелска. И ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе ги отворам гробовите ваши и ќе ве изведам, народе Мој, од гробовите ваши. Ќе вдахнам во вас од Мојот дух и ќе оживеете, ќе ве населам во вашата земја, па ќе познаете дека Јас, Господ, го реков тоа, и го извршив, вели Гос­под.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност