Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 36

36
Избавување на Израел
1А ти сине човечки, искажи пророштво за планините израелски и кажи: „Планини израелски, чујте го словото Господово. 2#35,10; 5 Мојс 32,13Вака вели Господ Бог: бидејќи непријателот вели за вас: ‚о, о, и веч­ните светилишта ни паднаа како плен‘; 3затоа изречи пророштво и кажи: така вели Господ Бог – токму поради тоа, што ве опустошуваат и ве грабаат од сите страни, за да станете сопственост на други народи, и да се изложите на срам и поруга, 4затоа, планини израелски, чујте го словото од Господ Бог – вака им вели Господ Бог на планините и на ридовите, на долиштата и долините и на запусте­ните урнатини и напуштените градови, кои станаа грабеж и подбив за другите околни народи; 5затоа така вели Господ Бог: во Својата пламена ревност изреков слово против други народи и против сиот Едом, кои си ја определија земјата Моја за сопственост и си ја присвоија како плен со срдечна радост и со презир во душата, 6затоа изречи пророштво за земјата израелска и кажи им на планините и ридовите, на долиштата и на долините – вака вели Господ Бог: еве, Јас го реков тоа во ревноста Своја и во јароста Сво­ја, зашто вие носите на себе потсмев од народите. 7Затоа, така вели Господ Бог: Јас ја кренав раката своја со клетва дека на­родите што се околу вас, тие самите ќе го понесат својот срам. 8#Ис 4,2А вие, планини израелски, проши­рете се и ќе принесувате плодови на Мојот народ Израел, зашто тие скоро ќе дојдат. 9Зашто, еве, кон вас се обраќам, и вие ќе бидете обработувани и засејувани. 10#Ис 61,4; Ер 30,18-19И ќе населам во вас многу луѓе, сиот дом Израелов, и градовите ќе бидат населени и урнатините обновени. 11#Јов 42,12Ќе ги намножам кај вас и луѓето и добитокот, и тие ќе се плодат и раз­множуваат, и ќе ве населам како што беше во поранешните времиња, ќе ви правам добро повеќе отколку во пора­нешните времиња, та ќе познаете дека Јас сум Господ. 12Ќе доведам кај вас луѓе, народ Мој Израел, и тие ќе владеат со вас. Ти, земјо, ќе бидеш нивно наследство и кај нив ќе нема веќе бездетни луѓе. 13#4 Мојс 13,32Така вели Господ Бог – бидејќи ве­лат за вас: ‚ти си земја што јадеш луѓе и што правиш народот да е без деца‘, 14затоа, веќе нема да ги јадеш луѓето и во иднина нема да создаваш бездетен народ, вели Господ Бог. 15И нема веќе да слушаш потсмев од народите и нема веќе да трпиш врз себе хули од племињата, и во иднина нема веќе да ги правиш луѓето да се без де­ца,“ вели Господ Бог.
Нов живот за Израел
16И дојде слово Господово до мене: 17#3 Мојс 15,19„Сине човечки, кога домот Израе­лов живееше во својата земја, тој ја осквернуваше со поведението свое и со делата свои; патот нивни им беше пред Моето лице како нечистотија на жена, кога се чисти. 18#16,36; Откр 18,24Јас, го излеав врз нив гневот Свој за крвта, што ја пролеваа во таа земја, и заради тоа што ја осквернуваа со своите идоли. 19Ги распрснав меѓу народите и тие се расеани по земјите, ги судев според нивните патишта и според нивните гре­вови. 20#20,9; Рим 2,24И отидоа тие во народите, каде што го сквернавеа Моето свето име, зашто за нив велат: ‚Тие се народ на Господ и излегоа од Неговата земја.‘ 21Зажалив заради името Мое свето, што домот Израелов го оскверни кај народите, каде што отидоа. 22#5 Мојс 9,5-6Затоа, кажи му на домот Израелов: вака вели Господ Бог: доме Израелов, ќе го направам тоа не заради вас, туку заради името Мое свето што го осквернивте кај народите, каде што отидовте. 23#Мт 6,9Ќе го осветам великото име Свое, осквернето кај народите, меѓу кои го осквернивте, па ќе познаат народите дека Јас сум Господ, вели Господ Бог, кога ќе ја покажам светоста Своја во вас пред нив. 24Ќе ве земам откај народите, ќе ве соберам од сите страни и ќе ве доведам во вашата земја. 25#Јн 3,5#47,1; 4 Мојс 19,9; Евр 10,22Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ќе ве очистам. 26#11,19-20; 18,31; 2 Кор 3,3Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. 27#1 Сол 4,8Ќе го внесам во вас Мојот дух и ќе направам да одите по заповедите Мои и да ги пазите и да ги исполнувате наредбите Мои. 28И ќе живеете во земјата, што им ја дадов на предците ваши, и ќе бидете Мој народ и Јас ќе бидам ваш Бог. 29#Зах 13,1Ќе ве ослободам од сите ваши не­чистотии, ќе го повикам житото и ќе го умножам и нема да ве оставам да тр­пите глад. 30#Амос 9,13Ќе ги умножам плодовите по дрвјата и полските производи, па во иднина да не трпите срам од народите поради глад. 31Тогаш ќе се сетите за своите лоши патишта и за своите лоши дела, па ќе почувствувате одвратност од самите себе за гревовите свои и за лошите престапи. 32Тоа ќе го направам, не заради вас, вели Господ Бог, туку да ви биде јасно – црвенејте и срамувајте се од вашите патишта, доме Израелов.“ 33Така вели Господ Бог: „Во оној ден, кога ќе ве очистам од сите ваши беззаконија, и ќе ве населам во градовите и ќе бидат обновени урнатините; 34и опустошената земја што беше пустина во очите на секој минувач, ќе биде обработена, 35тогаш ќе речат: ‚оваа запустена земја стана како Едемската градина и запустените и разорени градови се за­цврстија и населија.‘ 36Па ќе познаат народите што ќе останат околу вас дека Јас, Господ, од­ново изградувам разрушено, засадувам запустено. Јас Господ го реков тоа и го извршив.“ 37Така вели Господ Бог: „Еве, уште и во ова ќе ја покажам милоста Своја кон домот Израелов, ќе го намножам со луѓе како стадо. 38Како што има многу жртвени овци во Ерусалим за време на празниците, така ќе бидат полни со луѓе запусте­ните градови и ќе познаат дека Јас сум Господ.“

Селектирано:

Езекиел 36: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се