Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 35

35
Божја казна врз Едом
1 # 25,12-14 И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон планината Сеир, изречи против неа пророштво. 3И кажи ѝ: Вака вели Господ Бог – еве, Јас сум против тебе, планино Сеир, ќе ја протегнам против тебе раката Своја и ќе те направам пуста и ненаселена. 4Градовите твои ќе ги претворам во урнатини и ти самата ќе запустиш и ќе познаеш дека Јас сум Господ. 5#Пс 137,7; Дан 9,24Бидејќи во тебе има вечно непријателство и синовите Израелови ги предаваше на меч во време на нивните маки, дури и при крајот на нивните беззаконија. 6Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог, бидејќи со крв си згрешила и крвта ќе те прогони; те гонам; бидејќи крвопролевање не си мразела, затоа крвта ќе те гони. 7Планината Сеир ќе ја направам пуста и степа без живот, и ќе истребам во неа – и човек што доаѓа и човек што си оди. 8И ќе ги наполнам идолските све­тилишта со нејзините убиени; по твоите ридишта и по твоите долини и по сите твои полиња ќе паѓаат поразени од меч. 9Ќе те направам вечна пустина и во твоите градови ќе нема живот, па ќе познаеш дека Јас сум Господ. 10Бидејќи ти велеше – овие два народа и овие две земји ќе бидат мои и ние ќе владееме со нив, иако е Господ таму. 11#Амос 1,11Затоа, жив сум Јас, вели Господ Бог; ќе постапам со тебе според мерката на твојата омраза и твојата завист, што ја искажуваше од омразата кон нив, и ќе им се јавам кога ќе ти судам. 12И ќе познаеш дека Јас, Господ, ги чув сите твои навреди што ги иска­жуваше против планините израелски, велејќи: ‚запустеа, нам ни се дадени за храна!‘ 13#Пс 94,9Вие се гордеете пред Мене со јазикот свој и ги умножувате зборовите свои против Мене; Јас го чув тоа. 14#Ис 65,13Така вели Господ Бог: кога целата земја ќе се радува, Јас ќе те направам пустина. 15Како што се радуваше, што делот од Израеловиот дом запусти, така ќе направам и со тебе – ќе бидеш опустошена, планино Сеир, и цел Едом за­ед­но со тебе, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“

Селектирано:

Езекиел 35: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се