Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 34:11-16

Езекиел 34:11-16 MK2006

Зашто, така вели Господ Бог: еве, Јас сам ќе ги побарам овците Мои и ќе ги најдам. Како што пастирот го проверува стадото свое, во оној ден кога ќе се нај­де меѓу своето распрснато стадо, така ќе ги најдам Јас овците Мои и ќе ги ослободам од сите места, каде што биле распрснати во ден облачен и мрачен. Ќе ги изведам од народите и ќе ги соберам од земјите, ќе ги доведам во земјата нивна и ќе ги пасам по планините израелски, покрај потоци и по сите места, каде што се живее во таа земја. Ќе ги пасам на добро пасиште и ќе имаат свое трло на високите израелски планини; таму во трлото ќе се одмораат добро и ќе пасат на сочно пасиште, по планините израелски. Моите овци, Јас ќе ги пасам и ќе ги одморам, вели Господ Бог. Изгубена ќе најдам и истерана ќе вратам, ранета ќе превијам и болна ќе излекувам, здебелена и бујна ќе исчис­там; ќе ги пасам со правда.