Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 33

33
Езекиел е поставен за духовен стражар
(Ез 3,16-21)
1И дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки: кажи збор кон сино­вите на твојот народ и речи им: ако пратам врз некоја земја меч и народот на таа земја меѓу себе избере човек и го постави за стражар, 3и тој, штом ќе го види мечот кој се протега врз земјата, ќе затруби во труба и ќе го предупреди народот, 4#Ис 58,1; Ер 4,5; 6,17; Ос 8,1; Изреки 29,1; Дела 18,6; 20,26па, ако некој го чуе трубниот глас, но не обрне внимание, тогаш кога ќе дојде мечот и ќе го достигне, крвта не­гова ќе падне врз главата негова. 5#Евр 11,7Трубниот глас тој го чул, но не обрнал внимание, па затоа крвта негова ќе падне врз него; а кој ќе обрне внимание, тој ќе си го спаси животот. 6Ако, пак, стражарот го види мечот што доаѓа и не затруби со трубата, така што народот нема да биде предупреден, тоа тогаш, кога ќе дојде мечот и некому ќе му го одземе животот, тој ќе биде погоден заради гревот свој, но крвта негова ќе ја барам од стражарот. 7И тебе, сине човечки, Јас те поставив како стражар на домот Израелов: ти ќе слушаш слово од Мојата уста и ќе ги вразумуваш од Мене. 8Кога ќе му речам на грешникот: ‚грешнику, ти бездруго ќе умреш‘, а ти не му кажеш ништо, не го опоменеш беззаконикот да го остави неговиот пат, грешникот ќе умре за својот грев, но крвта негова ќе ја барам од раката твоја. 9Ако, пак, беззаконикот си го пре­дупредил, да се врати од својот пат, а тој не се одвратил од патот свој, тој ќе умре за својот грев, но ти ќе ја зачуваш душата своја.
Лична одговорност
10Сине човечки, кажи му на домот Израелов – вие велите: ‚нашите прес­тапи и нашите гревови се врз нас, и ние пропаѓаме во нив, како тогаш можеме да живееме?‘ 11#18,32; Плач 3,33; Лк 15,7Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја посакувам смртта на грешникот, туку грешникот да се од­врати од својот пат и да остане жив. Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта; зошто да умирате вие, доме Израелов? 12#18,1-32Сине човечки, кажи им на синовите од твојот народ; праведноста нема да го спаси праведникот во денот на неговиот престап, и грешникот поради беззаконието свое нема да падне во денот, кога ќе се откаже од гревот свој, како и праведникот во денот, кога ќе згреши, не ќе може да остане меѓу живите заради својата праведност. 13#Лк 18,9Кога ќе му речам на праведникот дека тој нема да биде жив, и тој се надева на својата праведност, па врши неправда, тогаш сите негови праведни дела нема да се спомнат, и тој ќе умре од неправдата своја, што ја извршил. 14А кога ќе му кажам на грешникот: ‚Бездруго ќе умреш‘, и тој се откаже од гревовите свои, па почне да живее по закон и по правда, 15ако тој грешник го врати залогот, го поврати ограбеното, оди по законот на животот и не врши ништо лошо, – тогаш тој ќе живее, нема да умре. 16Ниеден од неговите гревови, што ги извршил нема да му се спомнат; тој почнал да живее по закон и по правда, тој ќе биде жив. 17#18,29Синовите на твојот народ велат: ‚Не е прав патот на Господ‘, а всушност нивниот пат не е прав. 18Кога праведникот ќе отстапи од својата праведност и почне да врши беззаконие, тој ќе умре заради тоа. 19Кога, пак, грешникот ќе се поврати од гревот свој и ќе почне да живее по закон и по правда, заради тоа тој ќе остане жив. 20А вие велите: ‚Не е прав патот на Господ!‘ Јас ќе ви судам, доме Из­раелов, на секого од вас според патиш­тата негови.“
Вести за падот на Ерусалим
21 # 2 Цар 25,3-10 Во дванаесеттата година од нашето прогонство, десеттиот месец во петтиот ден од месецот, дојде кај мене еден бега­лец од Ерусалим и рече: „Разрушен е градот!“ 22Но уште пред да дојде пребегнатиот, вечерта беше раката Господова врз мене и Тој ја отвори устата моја, пред да дојде оној утредента кај мене; ми се отвори устата и јас веќе не бев безгласен.
Гревовите на народот
23И дојде слово Господово до мене: 24„Сине човечки, оние што живеат во запустените места на земјата израелска, зборуваат и велат: Авраам беше еден и ја наследи оваа земја; а ние сме многумина, па затоа нам ни е дадена оваа земја да ја владееме.“ 25Затоа кажи им – вака вели Господ Бог: „Вие јадете месо со крв, ги кревате очите свои кон идоли и пролевате крв, а сакате да владеете со оваа земја? 26Вие се потпирате на мечот свој, вр­шите гнасни работи, ја осквернувате жената на својот ближен и сакате да владеете со земјата? 27#39,4; Откр 6,8Еве што ќе им кажеш – така вели Господ Бог: Жив сум Јас! Оние, што се по разорените места, ќе паднат од меч; оние, пак, што се наоѓаат во поле, ќе им ги препуштам на ѕверовите да ги изедат. Кои се, пак, во тврдините и по пеш­тери, со смрт ќе ги поразам. 28И ќе ја направам земјата пустина над пустините, а гордата моќ нејзина ќе престане, па ќе запустат планините из­раелски, така што не ќе има кој да ми­нува преку нив. 29И ќе познаат тогаш дека Јас сум Господ, кога ќе ја направам земјата пус­тина над пустините заради сите нивни гнасни дела, што ги извршиле.
Резултати од пораката на пророкот
30А за тебе, сине човечки, синовите од твојот народ прикажуваат покрај ѕи­довите и пред портите на куќите, и си велат еден на друг, брат на брат: ‚Одете и дознајте какво слово дојде од Господ!‘ 31И тие ќе доаѓаат кај тебе како на собрание народно и Мојот народ ќе седи пред лицето твое и ќе ги слуша зборо­вите твои, но нема да ги извршува; за­што тие од тоа во устата своја си прават шеги, а срцето нивно се управува по нивната лакомост. 32#Ер 42,21; Мт 7,24; Јн 5,35; Јк 1,23Па, ете, за нив ти си пејач со пријатен глас и кој убаво свири: тие ги слушаат твоите зборови, но не ги ис­полнуваат. 33А кога ќе дојде тоа, – а, еве, веќе иде, – тогаш ќе познаат дека меѓу нив имало пророк.“

Селектирано:

Езекиел 33: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се