Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 32

32
Египетскиот цар спореден со крокодил
1Во дванаесеттата година, дванаесеттиот месец, во првиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, извикај и заплачи за фараонот, царот египетски, и кажи му: ти си како млад лав меѓу народите и како крокодил во реката, се фрлаш во реките свои и ги матиш водите со но­зете свои и ги газиш потоците нивни. 3#17,20; Ис 27,1Така вели Господ Бог: Јас ќе ја фр­лам врз тебе Мојата мрежа во собранието на многу народи, и тие ќе те извле­чат со Мојата мрежа. 4#31,13И ќе те исфрлам на земја, на от­криено место ќе те фрлам, и ќе слетуваат на тебе секакви небески птици, и ќе се наситуваат од тебе ѕверовите на целата земја. 5И ќе ги расфрлам месата твои по планините и долините ќе ги наполнам со твоите трупови. 6И земјата, по која одиш, ќе ја напојам со твојата крв дури до планините; и потоците ќе бидат исполнети со тебе. 7#Ис 13,10; Мт 24,29; Откр 6,12; 8,12А кога ќе угаснеш, ќе го покријам небото и ѕвездите на него ќе ги потемнам, сонцето со облак ќе го покријам и месечината нема да свети со светлината своја. 8Сите светила што светат на небото ќе ги затемнам над тебе и врз твојата земја ќе пратам мрак, вели Господ Бог. 9Ќе го доведам во смут срцето на многу народи, кога ќе разгласам за тво­ето паѓање меѓу народите по земјите, кои ти не ги познаваше. 10И преку тебе ќе ги доведам во ужас многуте народи и царевите нивни ќе се згрозуваат од страв за тебе, кога ќе го размавтам мечот свој пред лицето нивно и секој миг ќе трепери секој за душата своја во денот на твоето паѓање. 11Зашто, така вели Господ Бог: мечот на вавилонскиот цар ќе падне врз тебе. 12Од мечот на силните ќе падне твојот народ; сите тие се најлути меѓу на­родите; ќе ја уништат гордоста на Египет – и сиот негов народ ќе загине. 13И ќе го истребам сиот негов до­биток кај големите води и во иднина нема да ги мати човечка нога, ниту, пак, ќе ги разматува копитото од добиток. 14Тогаш ќе ги смирам водите нивни и реките нивни ќе ги направам да течат како масло, вели Господ Бог. 15Кога ќе ја направам египетската земја пустина, кога земјата ќе се лиши од сѐ, што ја исполнува, кога ќе ги удрам сите што живеат на неа, тогаш ќе познаат дека Јас сум Господ. 16Еве ја тажната песна што ќе ја пеат; ќерките на народите ќе ја пеат; за Египет и за сиот негов многуброен на­род ќе ја пеат,“ вели Господ Бог.
Светот на мртвите
17Во дванаесеттата година на петнаесеттиот ден од истиот месец дојде слово Господово до мене: 18#Ис 14,9-11„Сине човечки: плачи за египетскиот народ и турни го него и ќерките на познатите народи во бездната, заедно со оние што слегуваат во гроб. 19Кажи им: ‚Зарем вие заслужувате поголема милост? Слези и лежи со не­обрезаните.‘ 20Тие ќе паднат меѓу убиените со меч, и тој е предаден на меч; влечете го него и сето негово множество. 21Во бездната ќе зборуваат за него и за сојузниците негови, најдобрите јуна­ци; тие паднаа и лежат веќе така меѓу необрезаните, убиени со меч. 22Таму е Ашур и сиот негов народ, околу него се гробовите нивни; сите тие се поразени, паднати од меч. 23Неговата гробница ја поставија во длабочината на бездната и народот негов е околу гробницата; сите се по­разени, паднати од меч, сите што за­даваа страв во земјата на живите. 24Таму е Елам со сето множество околу гробницата негова; сите тие се поразени и паднати од меч; тие не­обрезани слегоа во бездната, оние кои распространуваа ужас по земјата на жи­вите, си го носат срамот свој заедно со слегнатите во гроб. 25Меѓу поразените му дадоа легло, со сето негово множество; околу него се гробовите нивни; сите необрезани се поразени со меч, бидејќи задаваа страв во земјата на живите; тие и го носат врз себе срамот подеднакво со оние што се спуштиле во гроб и се положени меѓу поразените. 26Таму се Мешех и Тувал со сето свое множество; околу него се гробовите негови; сите необрезани, поразени се со меч, затоа што предизвикуваа ужас во земјата на живите. 27Тие не треба да лежат со паднатите необрезани јунаци, кои со убојното ору­жје се спуштија во бездната и ги ставија своите мечеви под главите свои; нив­ниот грев остана врз коските нивни, бидејќи тие како силни беа ужас во земјата на живите. 28И ти ќе бидеш убиен меѓу необ­резаните и ќе лежиш со поразените од меч. 29Таму е Едом, царевите негови и сите негови кнезови, кои и при сета своја храброст се положени меѓу по­разените со меч, тие лежат со необ­резаните и слегнатите во гроб. 30Таму се управителите на Север, тие сите и сите Сидонци, кои се спуштија долу со поразените, а кои беа посрамени во својата моќ што предизвикуваше ужас, па лежат и тие се необреза­ни, со поразените од меч, и го носат срамот свој заедно со слегнатите во гроб. 31Ќе ги види фараонот и ќе се утеши за сето множество свое, поразен со меч, фараонот и сета негова војска, вели Господ Бог. 32Зашто Јас зададов страв во земјата на живите и фараонот со сето свое множество ќе биде положен меѓу необ­резаните, заедно со поразените од меч“, вели Господ Бог.

Селектирано:

Езекиел 32: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се