Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 30

30
Господ ќе го казни Египет
1И дојде слово Господово до мене: 2#Амос 5,18„Сине човечки, изречи пророштво и кажи – вака вели Господ Бог: плачете, ете иде злочест ден. 3Зашто близок е денот, да, близок е денот Господов, денот мрачен; часот на народите иде. 4И ќе тргне меч против Египет и ужас ќе се распространи во Етиопија, кога поразените од Египет ќе паднат, кога ќе го земат богатството негово и кога основите негови ќе бидат разру­шени. 5#Ер 46,9Етиопија, Пут и Луд, цела Арабија и Либија, како и синовите на сојузнич­ките земји заедно со нив ќе паднат од меч. 6#29,10Така вели Господ Бог, ќе паднат потпорите на Египет и ќе падне гордоста на неговата моќ; од Мигдол до Сиена ќе паѓаат во него од меч, вели Господ Бог. 7И тој ќе се запусти меѓу опусто­шените земји и градовите негови ќе би­дат меѓу опустошените градови. 8И ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го пратам огнот врз Египет и сите негови сили ќе бидат скршени. 9Во оној ден, ќе тргнат од Мене из­вестители со кораби за да ги уплашат безгрижните Етиопјани, и ќе се рас­пространи меѓу нив ужас, како во денот на Египет; зашто, ете, тој иде. 10Така вели Господ Бог: на египетскиот многуброен народ ќе му ставам крај преку раката од Навуходоносор, царот вавилонски. 11#29,11-12Тој и народот негов со него, нај­жестоки меѓу народите, ќе бидат доведени за погибел на таа земја и ќе ги извадат мечевите свои против Египет и ќе ја наполнат земјата со убиени. 12Ќе ги пресушам реките и ќе ја пре­дадам земјата во рацете на лошите и со раката на туѓинците ќе ја опустошам земјата и сѐ што ја исполнува. Јас, Господ, го реков тоа.“ 13Така вели Господ Бог: „Ќе ги ис­требам идолите и ќе ги уништам лаж­ните богови во Мемфис и во земјата египетска нема повеќе да има принцови, и ќе пратам страв во земјата египетска. 14Ќе го опустошам Патрос, ќе ис­пратам оган во Цоан и ќе извршам суд над Но. 15Ќе ја излијам јароста Своја врз Син, египетската тврдина, и ќе го истребам многубројниот народ во Но. 16Ќе испратам оган врз Египет, ќе затрепери Син и Но ќе биде разрушен. А врз Мемфис ќе нападнат непријателите среде бел ден. 17Младите луѓе од Авен и од Пи-Бе­сет ќе паднат од меч, а другите ќе бидат одведени во ропство. 18И во Тафнис ќе се помрачи денот, кога таму ќе го скршам јаремот египетски и ќе се прекрати во него неговата горда моќ. Облак ќе го покрие и ќер­ките негови во ропство ќе отидат; 19така ќе му пресудам на Египет, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“
Скршена моќта на Египет
20Во единаесеттата година, во првиот месец, на седмиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене: 21„Сине човечки, Јас веќе ја скршив раката на фараонот, египетскиот цар, и ете, таа уште не е преврзана, за да биде излекувана, и не е завиткана со лекар­ски преврски, од кои би добила сила, за да држи меч. 22Затоа, вака вели Господ Бог: еве Јас сум против фараонот, египетскиот цар и ќе ги скршам рацете негови, здравата и искршената, така што мечот ќе му падне од рацете негови. 23Ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјите. 24А рацете на вавилонскиот цар ќе ги направам јаки, во раката негова ќе му дадам Свој меч; и рацете на фараонот ќе ги скршам и тој изнаранет ќе офка силно пред него. 25Ќе ги зацврстам рацете на вавилонскиот цар, а рацете на фараонот ќе малаксаат; и ќе познаат дека Јас сум Господ Бог, кога ќе му го дадам мечот Свој во раката на вавилонскиот цар, и тој ќе го потегне врз земјата египетска. 26Ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги развеам по земјата, и тие тогаш ќе познаат дека Јас сум Господ.“

Селектирано:

Езекиел 30: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се