Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 29

29
Пророштво против Египет
1 # Ис 19,1-25; Ер 46,2-26 Во десеттата година, десеттиот месец, во дванаесеттиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене: 2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон фараонот, египетскиот цар, и из­речи пророштво против него и против целиот Египет. 3#Откр 12,3Говори и кажи им – вака вели Гос­под Бог: еве, Јас сум против тебе фараоне, царе египетски, голем змеју, кој лежиш по реките свои и велиш: ‚моја е реката и јас ја создадов за себе.‘ 4Но Јас ќе ставам јадица во твоите челусти и на твоите лушпи; и ќе те из­влечам од реките твои со сета риба на твоите реки, што се залепила на твоите лушпи; 5ќе те фрлам во пустината, тебе и сета риба од твоите реки; ти ќе паднеш на откриено поле; нема да те земат и погребат; ќе допуштам да те изедат ѕве­ровите земни и птиците небески. 6#Ис 36,6И ќе познаат сите жители на Египет дека Јас сум Господ, зашто тие беа на домот Израелов потпорна трска. 7И кога се фатија со раката своја за тебе, ти се раскина и рамињата им ги откина; и кога се потпреа на тебе, ти се скрши и им ги изнарани сите нивни бедра.“ 8Затоа, вака вели Господ Бог: „Еве, Јас ќе испратам против тебе меч и ќе ги истребам кај тебе луѓето и добитокот. 9Египетската земја ќе стане пустина и степа; па ќе познаат дека Јас сум Господ. Бидејќи тој вели – моја е реката и јас ја создадов, 10затоа, еве, Јас сум против твоите реки и египетската земја ќе ја направам пустина над пустините од Мигдол до Сиена, до пределот на Етиопија. 11Нема да оди по неа човечка нога и нога на добиток нема да стапне на неа, и нема да се живее на неа четириесет години. 12И ќе ја направам земјата египетска пустина меѓу запустени земји; и гра­довите нејзини меѓу запустени градови, ќе бидат пусти четириесет години и ќе ги растурам Египќаните меѓу народите и ќе ги распрснам по земјата. 13#Ис 19,16.25Зашто вака вели Господ Бог: отка­ко ќе изминат четириесет години, Јас ќе ги соберам Египќаните откај народите, каде што ќе бидат растурени. 14И ќе ги вратам египетските заро­беници и ќе ги доведам назад во земјата Патрос, во земјата на нивното потекло и тие таму ќе претставуваат слабо царство. 15Тоа ќе биде послабо од другите царства и нема веќе да се гордее над народите; ќе ги смалам за да не владеат над народите. 16И во иднина, тие нема да бидат потпора на домот Израелов, за да го спомнуваат нивното беззаконие, кога се об­раќаа кон него; и ќе познаат дека Јас сум Господ Бог.“
Навуходоносор ќе го покори Египет
17Во дваесет и седмата година, првиот месец, во првиот ден од месецот, дојде слово Господово до мене: 18„Сине човечки, Навуходоносор, ца­рот вавилонски, ја истошти војската своја со големи работи кај градот Тир: секоја глава оќелаве и секое рамо беше изнарането; но ни за него, ни за војската немаше награда од Тир за трудот што тој го употреби против него.“ 19#Ер 43,8-13Затоа, така вели Господ Бог: „Еве, Јас му ја давам на вавилонскиот цар Навуходоносор земјата египетска, за да го собере богатството нејзино, да из­врши грабеж во неа и да однесе сѐ што грабела таа, и тоа ќе биде награда за неговата војска. 20Како награда за работата, која тој ја изврши во него, Јас му ја предавам земјата египетска, зашто тој го вршеше тоа заради Мене, вели Господ Бог. 21Во тој ден ќе го вратам рогот на до­мот Израелов и тебе ќе ти ја отворам устата меѓу нив, па ќе познаат дека Јас сум Господ.“

Селектирано:

Езекиел 29: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се