Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 28

28
Пророштво против тирскиот цар
1И дојде слово Господово до мене: 2#1 Мојс 3,5; 11,4; Ис 14,13; 2 Сол 2,4„Сине човечки, кажи му на начал­никот на Тир – вака вели Господ Бог: затоа што го издигна срцето свое и велиш: ‚Јас сум бог, седам на божји престол, во срцето на морињата‘, иако си човек, а не бог, го изедначуваш твојот ум со умот на Бога, 3ете, како да си помудар од Даниел; и нема тајна, сокриена од тебе; 4со мудроста своја и со разумот свој ти се здоби со богатство и во своите ризници собра злато и сребро; 5со големата мудрост своја преку трговијата своја ти го зголеми богатството свое, 6затоа, вака вели Господ Бог: – Би­дејќи го изедначуваш твојот ум со умот на Бога, 7еве, Јас ќе доведам против тебе туѓинци, највешти меѓу народите, и тие ќе ги извадат своите мечеви против убавината на твојата мудрост и ќе го помрачат твојот блесок; 8тие ќе те турнат во гроб и ќе умреш во срцето на морињата, со насилна смрт. 9Ќе речеш ли тогаш пред твојот уби­ец: ‚јас сум бог‘, кога во раката на оној што ќе те убива, ти ќе бидеш човек, а не бог? 10Ти ќе умреш од раката на туѓинци со смрт како необрезан; зашто Јас го реков тоа“, така вели Господ.
Падот на тирскиот цар
11И дојде слово Господово до мене: 12„Сине човечки, плачи за тирскиот цар и кажи му: – вака вели Господ Бог: ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината. 13#Откр 17,4Ти беше во Едем, во Божјата гра­дина; твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења: рубин, топаз, дијамант, берил, оникс, јаспис, сафир, тиркиз, смарагд и злато, сите вешто исткаени и нанижани на тебе, приготвени во денот кога беше создаден. 14#1 Мојс 3,24Ти беше помазан херувим – заштитник, и Јас те поставив за тоа; ти беше на светата Божја гора, одеше среде огнени камења. 15Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, сѐ додека не се најде во тебе беззаконие. 16Од твојата обилна трговија се ис­полни со неправда и ти згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме – заштитник, среде огнени камења. 17Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја; затоа Јас те соборив на земја, те предадов на потсмев пред царевите. 18Со многуте гревови свои во неправедната твоја трговија ти ги ос­кверни твоите светилишта; и Јас пуш­тив оган пред тебе, да те проголта; и Јас те претворив во пепел на земјата пред очите на сите, што те гледаат. 19Сите, што те знаеја меѓу народите, се згрозуваа над тебе, ти стана за ужас и исчезна засекогаш.“
Пророштво против Сидон
20 # Јоил 4,4-8; Зах 9,2 И дојде слово Господово до мене: 21„Сине човечки, сврти го лицето свое кон Сидон, и пророкувај против него: 22#Ис 5,16Ете Јас сум против тебе, Сидоне, и ќе се прославам во тебе и ќе познаат дека сум Јас Господ, кога ќе извршам суд над него и ја покажам во него Моја­та светост. 23И ќе пратам во него помор и крв на улиците негови и ќе паднат среде него убиени од меч, кој ќе ги нападне сите одреда и ќе познаат дека Јас сум Господ.
Израел ќе биде благословен
24 # 2 Кор 12,7 И во иднина тој нема да биде бодлив трн за домот Израелов и причинител на болка трнлива, повеќе од сите соседи што му сакаат зло и ќе познаат дека Јас сум Господ Бог.“ 25#36,14Така вели Господ Бог: „Кога ќе го соберам домот Израелов меѓу народите, кај кои се распрснал и ќе ја објавам кај нив светоста Своја пред очите на пле­мињата и тие ќе заживеат во земјата своја, која му ја дадов на Мојот слуга Јаков, 26тогаш ќе живеат во неа во мир и ќе си изградат куќи, ќе насадат лозја и ќе живеат во мир, зашто ќе извршам суд над сите наоколу што ги презираа. И тогаш ќе разберат дека Јас сум Господ, Бог нивни.“

Селектирано:

Езекиел 28: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се