Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 2

2
Бог го повикува Езекиел за пророк
1 # Ис 6,8-13; Ер 1 Такво беше видението на сјајот од подобието на славата Господова. Кога го видов тоа, паднав ничкум и го чув гласот на Оној, Кој ми зборуваше, и Тој ми рече: „Сине човечки, стани на нозе, и Јас ќе говорам со тебе.“ 2И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше. 3Тогаш Тој ми рече: „Сине човечки, Јас те праќам кај Израеловите синови, при непокорни луѓе, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешни­ов ден. 4Тие се синови со тврдокорно лице и со жестоко срце; кај нив те праќам и ти ќе им кажеш – вака вели Господ Бог. 5#33,33; 2 Цар 5,8Дали ќе те послушаат или нема да те послушаат, бидејќи тие се дом отстапнички – но нека знаат дека меѓу нив имало пророк. 6А ти, сине човечки, не плаши се од нив и не плаши се од нивните зборови, зашто ќе се разбеснат и ќе те навредуваат од сите страни; меѓу нив ќе жи­вееш – како меѓу трње и скорпии; не плаши се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички; 7и кажувај им ги зборовите Мои – па слушале тие или не, бидејќи се тие не­покорни. 8#3,2; Откр 10,9А ти, сине човечки, чуј што ќе ти кажам: не биди како тој отстапнички дом; отвори ја устата и изеди го она што ќе ти го дадам.“ 9#Откр 5,1; 10,2И видов, ете, протегната рака кон мене, и во неа – книжен свиток. 10И Тој го разви пред мене, а свитокот беше напишан одвнатре и однадвор, и на него беше напишано: плач, жалост и офкање.

Селектирано:

Езекиел 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се