Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 11:14-25

Езекиел 11:14-25 MK2006

И дојде слово Господово до мене: „Сине човечки, на браќата твои, на твоите браќа, на твоите еднокрвни и на сиот израелски дом, оние што живеат во Ерусалим, им велат: ‚живејте далеку од Господ, оваа земја дадена ни е нам да ја владееме.‘“ Затоа кажи им: вака вели Господ Бог – „Макар и да ги оддалечив меѓу народите и макар што ги распрснав по земјата, Јас за нив пак ќе бидам како светилиште во оние земји, каде што отидоа.“ Потоа кажи им, вака вели Господ Бог: „Јас ќе ве соберам откај народите и ќе ве вратам од земјите, во кои сте се растуриле; и ќе ви ја дадам земјата израелска. И ќе дојдат таму, ќе ги исфрлат од неа сите гадотии и сите нечистотии. И ќе им дадам едно срце, ќе вложам во нив нов дух, ќе го земам од телото нивно каменото срце и ќе им дадам меснато срце, за да одат по Моите заповеди, да ги пазат Моите наредби и да ги извршу­ваат; и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе бидам пак нивни Бог. А чие срце, се поведе по гадотиите нивни и нечистотиите нивни, нивните постапки ќе ги свртам врз нивните гла­ви“, вели Господ Бог. Тогаш херувимите ги подигнаа крилјата свои, и тркалата беа до нив; и славата на Израеловиот Бог беше над нив одозгора. И се крена славата Господова среде градот и застана над планината, што се наоѓа источно од градот. И духот ме подигна и ме пренесе во видение, преку Духот Божји, во Хал­деја, кај изгнаниците. И видението, што го имав, избега од мене. И јас им ги пренесов на изгнаниците сите зборови Господови, што ми ги откри Тој.