Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 10

10
Славата Божја го напушта храмот
1 # 1,22.26 И видов, ете на сводот, што е над главите на херувимите, не­што како камен сафир, како нешто што прилега на престол, се гледаше над нив. 2#Откр 8,5И му зборуваше Тој на човекот, об­лечен во ленена облека, па рече: „Влези меѓу тркалата под херувимите, земи полна рака разгорени јаглени од местото меѓу херувимите и расфрли ги врз градот.“ И човекот влезе пред очите мои. 3#2 Лет 5,13Херувимите, пак, стоеја од десната страна на домот, кога влезе оној човек, и облак го исполни внатрешниот двор. 4#43,5И славата Господова се подигна од херувимот на прагот од домот и домот се исполни со облак и дворот се исполни со светлина од славата Господова. 5#1,24И шумот од крилјата на херувимите се слушаше дури до надворешниот двор, како да е тоа глас од Бога Се­силниот, кога Тој зборува. 6И кога Тој му даде заповед на човекот, облечен во ленена облека, му рече: „Земи оган од местото меѓу тркалата, меѓу херувимите“, и кога тој влезе и застана меѓу тркалата – 7тогаш среде херувимите застана еден херувим, ја протегна раката своја кон огнот, што беше меѓу херувимите, и зеде, па му даде една рака на обле­чениот во бела ленена облека. Тој зеде и излезе. 8#1,8А под крилјата на херувимите се гледаа подобија слични на човечки раце. 9#1,15-21И видов: ете четири тркала до херувимите, по едно тркало до секој херувим, а тркалата имаа изглед како да се од каменот топаз. 10И сите четири по својот вид беа еднакви, како едно тркало да се наоѓаше во друго тркало. 11Кога одеа, одеа на сите четири страни; кога одеа не се свртуваа, но одеа кон она место, каде што им беше свртена главата; кога одеа не се свртуваа. 12#Откр 4,6.8И телото нивно и грбот нивни и рацете нивни, и крилјата нивни, и тр­калата нивни наоколу беа исполнети со очи – сите имаа по четири тркала. 13Тркалата се викаа, како што чув, галгал. 14#1,10И секое животно имаше по четири лица: првото лице – лице херувимско, второто лице – лице човечко, третото лице – лице лавовско и четвртото – лице орловско. 15Херувимите се подигнаа. Тогаш видов дека тие беа истите животни што ги видов при реката Кевар. 16Кога одеа херувимите, се вртеа до нив и тркалата; кога се подигаа крилјата нивни, за да се подигнат од земјата, тркалата не се одделуваа, туку беа со нив. 17А кога стоеја, стоеја и тие; кога ќе се подигнеа, се подигаа и тие, зашто во нив беше духот на животните. 18#1,28И славата Господова се подигна од прагот на домот, па застана над херувимите. 19И херувимите ги подигнаа крилјата свои и се подигнаа пред очите мои од земјата. Кога тргнаа, и тркалата беа до нив; па застанаа при влезот на источ­ната врата од домот Господов, и славата на Бог Израелов беше над нив одозгора. 20Тоа беа истите животни, што ги видов во подножјето на Израеловиот Бог кај реката Кевар. И јас разбрав дека тоа се херувими. 21#1,8Секој имаше по четири лица, и секој – по четири крилја, а под нозете слично на човечки раце. 22Лицата им личеа како на оние лица, што ги видов при реката Кевар – од ист вид, тие истите. Секој одеше право во онаа насока, што беше пред лицето негово.

Селектирано:

Езекиел 10: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се