Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 1

1
Прво видение на Езекиел. Божјиот престол
1 # 8,3; 11,24; 40,2; Мт 3,16; Дела 7,56; Откр 19,11 Во триесеттата година, четвртиот месец, петтиот ден од месецот, кога бев меѓу изгнаниците кај реката Кевар, се отворија небесата – и јас видов Божји виденија. 2#2 Цар 24,10-16Во петтиот ден од месецот, а тоа е петтата година, откако беше заробен царот Јоаким, 3#3,14; 37,1; 40,1; 1 Цар 18,46; 2 Цар 3,15дојде слово Господово до свеште­никот Езекиел, синот Бузиев, во земјата халдејска при реката Кевар; и беше та­му раката Господова врз него. 4#Ис 6,1-7; Откр 4#Ис 21,1И видов: ете, бурен ветар доаѓаше од север и голем облак во него, а околу оган сјаеше; среде него светлина од зла­то и сребро; 5во средината негова, пак, видов призраци на четири животни – по обли­кот свој слични на човек; 6секое од нив имаше по четири лица, и секое од нив – по четири крилја; 7#Дан 10,6; Откр 1,15а нозете нивни – прави нозе, со пер­ја, а стапалата нивни како телешки ко­пи­та, и болскаа како измазнета бронза. 8#10,8.21А под крилјата нивни имаа човечки раце – на сите четири страни. 9Четирите животни имаа свои лица и крилја, крилјата нивни се допираа едно до друго, а кога одеа, тие не се свртуваа, туку врвеа секое во насока на лицето свое. 10#10,14; Откр 4,7Обликот на лицето нивно им беше како лице човечко и лице лавовско од десната страна кај сите четири; а, пак, од левата страна – лице телешко кај сите четири, и лице орловско кај сите четири животни. 11#1 Цар 6,24-27И лицата нивни и крилјата нивни одозгора им беа разделени, но при секое двете крилја се допираа едно до друго, а двете им ги покриваа телата нивни. 12И одеа тие, секое во насока на лицето свое; на каде што духот сакаше да оди, натаму и одеа тие; и кога одеа, не се свртуваа. 13#2 Мојс 19,18; Пс 97,4; 104,4Тие животни личеа на разгорени јаглени, на ламбади; огнот се движеше меѓу животните, и огнена светлина и светкавица излегуваше од огнот. 14#Мт 24,27Животните се движеа брзо натаму и наваму, како болскава молскавица. 15#10,9-13#3,13; Дан 7,9И кога ги гледав животните, ете, на земјата до тие животни имаше по едно тркало кон четирите лица нивни. 16Тркалата им беа слични на топаз, и сите четири си личеа едно на друго; и по изгледот и по обликот тие беа како тркало во тркало. 17А кога одеа, се движеа во своите четири насоки; кога се движеа не се свртуваа. 18#Зах 4,10А наплатите на тркалата нивни беа високи и страшни; наплатите кај сите четири наоколу беа полни со очи. 19И кога одеа животните, се движеа и тркалата до нив; и кога животните се подигаа од земјата, се подигаа и тркалата. 20Каде што духот сакаше да оди, натаму одеа и тие; накаде што духот ќе тргнеше, и тркалата се подигнуваа подеднакво со нив, бидејќи духот на животните беше во тркалата. 21Кога одеа животните, одеа и трка­лата; и кога стоеја животните, стоеја и тркалата; и кога тие се подигаа од земјата, се подигаа еднакво и тркалата, за­што духот на животните беше во трка­лата. 22#2 Мојс 24,10; Откр 4,2Над главите од животните имаше нешто слично на свод небески, како проѕирен кристал издигнат одозгора над нивните крилја. 23А под сводот се наоѓаа раширени крилјата нивни, свртени едно спроти друго, додека другите две им ги покриваа телата нивни. 24#Ис 17,13; Ер 5,22; Пс 46,3; 93,4; Откр 19,6А кога летаа, слушав шум од крилјата нивни, нешто како шум од многу води, како глас од Сесилниот Бог, силен шум; а кога одеа – како шум од воен логор, кога, пак, застануваа, ги спуштаа крилјата свои. 25И од сводот над главите нивни се слушаше шум; и кога запираа, ги спуш­таа крилјата свои. 26#10,1; Ис 6,1; Дан 7,9; Мт 26,64; Откр 1,13Над сводот над главите, пак, имаше нешто слично на престол, како да беше од каменот сафир; а на престолот – одозгора нешто слично на човек. 27#8,2И видов потоа нешто усвитено како бронза, а внатре во него наоколу оган – од бедрата угоре; а од бедрата удолу – видов слично на оган, а околу него имаше светлина. 28#Откр 1,17Како што изгледа виножитото во облаци, во дождовен ден, таква беше таа светлина наоколу.

Селектирано:

Езекиел 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се