Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 9

9
Петта казна: помор врз добитокот
1 # 7,26 Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Појди кај фараонот и кажи му: ‚Вака вели Господ, Бог на Евреите: пуш­ти го народот Мој, за да ми изврши служба.‘ 2Зашто, ако не го пуштиш, па и понатаму го задржуваш, 3#Амос 4,10; Пс 78,48еве, раката Господова ќе дојде врз добитокот твој во полето, врз коњите, врз магарињата, врз камилите, врз говедата и врз ситниот добиток и многу голем помор ќе настане. 4#8,19; 9,26И ќе го раздели Господ израелскиот од египетскиот добиток; и од сиот добиток на синовите израелски нема ништо да загине.“ 5И определи Господ време, велејќи: „Утре ќе го направи тоа Господ во оваа земја.“ 6#9,19-21; 11,5; 12,29; Пс 78,48-50И го изврши тоа Господ утредента, и сиот добиток египетски пцовиса; а од добитокот на синовите израелски ништо не загина. 7#7,22; 8,15И виде фараонот дека од добитокот израелски не беше загинато ниту едно грло. Но фараоновото срце одново се ожесточи, и тој пак не го пушти народот.
Шеста казна: страдање од струпје
8Тогаш Господ им рече на Мојсеј и на Арон, велејќи: „Земете полни раце пепел од печката, и Мојсеј нека ја фрли пред фараонот спрема небото; 9#3 Мојс 13,18-19; 5 Мојс 28,27.35; Откр 16,2и ќе се дигне прав по целата египетска земја; а од неа ќе се појават струпје и на луѓето, и на добитокот по целата египетска земја.“ 10#Откр 16,2И зедоа пепел од печката, и застанаа пред фараонот; па ја фрли Мојсеј спрема небото, и се појавија гнојни струпје по луѓето и по добитокот. 11#8,14И вражачите не можеа да стојат пред Мојсеј поради струпјето, зашто струпје имаше и на вражачите и на сите Египќани. 12#4,21; 7,4И го ожесточи Господ срцето на фараонот и тој не ги послуша, како што му беше рекол Господ на Мојсеј.
Седма казна: страдање од град
13 # 3,18 Потоа му рече Господ на Мојсеј: „Стани утре рано и излези пред фараонот и речи му: ‚Еве што вели Господ, Бог на Евреите: пушти го народот Мој, за да Ми изврши служба, 14#8,6; 15,11; 2 Сам 7,22; Пс 86,8; 1 Лет 17,20бидејќи овој пат ќе ги пуштам сите мои зла, против тебе, против твоите слуги и против твојот народ, за да по­знаеш дека нема друг каков што сум Јас на целата земја. 15#3,20Зашто сега, ако ја пружам Својата рака, ќе те казнам тебе и народот твој со помор, така што ќе се истребите од земјата. 16#14,17; Пс 68,28; 71,18; 106,8; Рим 9,17А те оставив досега само за да ја покажам над тебе силата Своја, за да биде проповедано името Мое по целата земја. 17Уште ли ќе се креваш против Мојот народ, и уште ли нема да го пушташ? 18#9,23.24; Ис.Н. 10,11; Ез 38,22; Пс 78,47-48; 105,32Па, еве, утре, токму во овој час, Јас ќе пратам град многу голем, каков што немало во Египет, откако настанал па досега. 19Затоа, сега нареди да се прибере добитокот твој, и сѐ што имаш по полето; бидејќи врз сите луѓе и врз сиот добиток што ќе се затечат во полето и не бидат прибрани дома, ќе падне град и ќе изгинат.‘“ 20#Изреки 13,13Оние фараонови слуги, кои се уплашија од зборовите Господови, брзо ги прибраа слугите свои и добитокот свој по куќите. 21#Ез 33,4-5А оној, пак, кој не им поверува на зборовите Господови, тој ги остави слугите свои и добитокот свој во полето. 22И му рече Господ на Мојсеј: „Пружи ја раката своја кон небото, и ќе удри град по целата египетска земја – врз луѓето, врз добитокот и врз тревата земна.“ 23#9,18; 20,18; 1 Сам 7,10; 12,17; Ез 38,22; Пс 29,3; 78,47; 105,32; Откр 8,7; 16,21И Мојсеј го крена стапот кон небото и Господ пушти громови и град, и молњите ги состави со земјата. И прати Господ град врз египетската земја. 24#9,18Паѓаше град, а и молњи имаше меѓу градот многу силни, какви што немало во египетската земја, откако биле населени луѓе во неа. 25#Ез 13,13; Пс 105,32-33А градот уништи во целата земја египетска сѐ што беше надвор – од човек до животно; и градот ги уништи сите растенија по полето, и сите дрвја во полето ги испокрши. 26#9,4; 10,23; 11,7; Ис 32,18Само во земјата Гесем, каде што беа синовите на Израел, немаше град. 27#10,16; 1 Сам 15,24; 26,21; 2 Сам 12,13; Пс 11,7; 51,6; 119,137; 129,4; 145,17; Плач 1,18Тогаш прати фараонот, и ги пови­каа Мојсеј и Арон, и им рече: „Сега згрешив; Господ е праведен, а јас и мојот народ сме виновни. 28#8,8; Дела 8,24Помолете Му се на Господ; нека престанат громовите Божји и градот, па ќе ве пуштам, и повеќе никој нема да ве задржува.“ 29#9,33; 19,5; 5 Мојс 10,14; Пс 24,1; 50,12; 1 Кор 10,26А Мојсеј му рече: „Штом ќе изле­зам од градот, ќе ги кренам рацете мои кон Господ, и громовите ќе престанат и град повеќе нема да има, за да познаеш дека земјата е Господова. 30#8,25Но јас знам дека ти и слугите твои уште нема да се уплашите од Господ Бог.“ 31И така пропаднаа ленот и јачменот, зашто јачменот беше искласил, а ленот – фаќаше семе. 32А пченицата и р'жта не пропаднаа, бидејќи беа доцни жита. 33И Мојсеј излезе откај фараонот надвор од градот, ги издигна рацете свои кон Господ; и престанаа громовите и градот, и не паѓаше веќе дожд на земјата. 34Но фараонот, откако виде дека пре­станаа дождот, градот и громовите, про­­должи пак да греши, и закорави срцето негово и на слугите негови. 35#4,21И се ожесточи срцето фараоново, и тој пак не ги пушти синовите на Из­раел, како што беше рекол Господ преку Мојсеј.

Селектирано:

Излез 9: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се