Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 7:14-25

Излез 7:14-25 MK2006

И Господ му рече на Мојсеј: „Тврдо е срцето фараоново; и нема да го пушти народот. Појди утре кај фараонот. И ете, тој ќе излезе до водата, и пресретни го на речниот брег; стапот, пак, што се пре­твори во змија, земи го во раката своја. И речи му: Господ, Бог на Евреите, ме испрати кај тебе да ти кажам: ‚Пушти го народот Мој за да ми изврши служба во пустината!‘ Но ти, ете, досега не Го послуша. Затоа Господ вели: ‚По ова ќе по­знаеш дека Јас сум Господ.‘ Еве, со ста­пов, што ми е во раката; ќе удрам по водата, што е во реката, и таа ќе стане крв. И рибите што се во реката ќе изумрат, и реката ќе се усмрди, а Егип­ќа­ните не ќе можат да пијат вода од реката.“ Му рече Господ на Мојсеј – „Кажи му на Арон: ‚Земи го стапот свој и пружи ја раката своја над водите еги­петски: над реките нивни, над потоците нивни, и над езерата нивни, и над сите нивни собиралишта на води; и тие ќе се претворат во крв. И сѐ ќе стане крв по целата египетска земја, и во дрвените и во камените садови.‘“ И направија Мојсеј и Арон така, како што заповеда Господ. И го зеде Арон стапот свој, па удри по речната вода пред очите на фараонот и слугите негови. И сета речна вода се претвори во крв. И изумреа рибите, што беа во реката, и се усмрди реката, така што Егип­ќаните не можеа да пијат вода од реката; и крв имаше по целата египетска земја. Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање. И срцето на фараонот се ожесточи и тој не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ. Потоа се сврте фараонот и си отиде дома; и ни од тоа не се поучи тој. А Египќаните, сите, почнаа да ко­паат околу реката, барајќи вода за пи­ење; зашто не можеа да пијат вода од реката. И така изминаа седум дена, откако Господ ја казни реката.