Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 6:2-9

Излез 6:2-9 MK2006

И уште му зборуваше Бог на Мојсеј, па му рече: „Јас сум Господ. Јас им се јавував на Авраам и Исак и Јаков како Ел-Шадај, а со името Мое ‚Јахве‘ не сум им се открил. И направив завет Свој со нив дека ќе им ја дадам земјата хананска: земја, во која беа тие доселеници, и во која живееја како туѓинци. Ги чув воздишките на израелските синови, кои Египќаните ги измачуваат, и се сетив на заветот Мој. Затоа, појди и кажи им на синовите на Израел, велејќи: ‚Јас сум Господ, ќе ве изведам од египетското ропство, ќе ве избавам од насилството нивно, ќе ве спасам со силна рака и со строга казна. Ќе ве земам за свој народ и ќе ви бидам Бог, па ќе познаете дека Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ќе ве изведе од египетското ропство. И ќе ве воведам во онаа земја, за која кренав рака и се заколнав дека ќе му ја дадам на Авраам, на Исак и на Јаков; и ќе ви ја дадам вам во наслед­ство. Јас сум Господ!‘“ Мојсеј им го кажа тоа на синовите на Израел, но тие не го послушаа Мојсеј од малодушност, поради тешкото ропство.