Тогаш Господ пак му рече на Мојсеј, велејќи: „Влези, кажи му на фараонот, царот египетски, да ги пушти израелските синови од земјата своја.“ А Мојсеј проговори пред Господ и рече: „Ете, синовите на Израел не ме послушаа, а како ќе ме послуша фараонот? А освен тоа, јас сум спор во зборувањето.“ Но Господ им зборуваше на Мојсеј и на Арон, и им ги кажуваше Своите заповеди кон синовите на Израел и кон фараонот, царот египетски, за да ги пушти синовите израелски од земјата египетска.
Прочитај Излез 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 6:10-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа