А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, ќе видиш што ќе му направам сега на фараонот; под дејство на силна рака ќе ги пушти; под дејство на цврста рака дури ќе ги истера од земјата своја.“ И уште му зборуваше Бог на Мојсеј, па му рече: „Јас сум Господ. Јас им се јавував на Авраам и Исак и Јаков како Ел-Шадај, а со името Мое ‚Јахве‘ не сум им се открил. И направив завет Свој со нив дека ќе им ја дадам земјата хананска: земја, во која беа тие доселеници, и во која живееја како туѓинци. Ги чув воздишките на израелските синови, кои Египќаните ги измачуваат, и се сетив на заветот Мој. Затоа, појди и кажи им на синовите на Израел, велејќи: ‚Јас сум Господ, ќе ве изведам од египетското ропство, ќе ве избавам од насилството нивно, ќе ве спасам со силна рака и со строга казна. Ќе ве земам за свој народ и ќе ви бидам Бог, па ќе познаете дека Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ќе ве изведе од египетското ропство. И ќе ве воведам во онаа земја, за која кренав рака и се заколнав дека ќе му ја дадам на Авраам, на Исак и на Јаков; и ќе ви ја дадам вам во наследство. Јас сум Господ!‘“
Прочитај Излез 6
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 6:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа