Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 6

6
1 # 3,20; 4,23; 11,1; 12,31.33.39 А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, ќе видиш што ќе му направам сега на фараонот; под дејство на силна рака ќе ги пушти; под дејство на цврста рака дури ќе ги истера од земјата своја.“
Бог му ветува на Мојсеј дека ќе го ослободи народот на Израел
2 # 3,1.13-15; 6,6-8.29; 10,2; 3 Мојс 20,7; Ис 43,11; 60,16 И уште му зборуваше Бог на Мојсеј, па му рече: „Јас сум Господ. 3#3,14-15; 1 Мојс 17,1-2; 2 Сам 7,26; Пс 68,3; 99,3Јас им се јавував на Авраам и Исак и Јаков како Ел-Шадај#6,3 Семоќен Бог, а со името Мое ‚Јахве‘ не сум им се открил. 4#1 Мојс 6,18; 12,7; 15,18; 17,7-8; Дела 7,5; Рим 4,13; Евр 11,8-10И направив завет Свој со нив дека ќе им ја дадам земјата хананска: земја, во која беа тие доселеници, и во која живееја како туѓинци. 5#2,23.24-25; 1 Мојс 9,15; Дела 7,34Ги чув воздишките на израелските синови, кои Египќаните ги измачуваат, и се сетив на заветот Мој. 6#3,8.19.20; 6,7; 20,2; 29,46; 3 Мојс 22,33; 26,13; 5 Мојс 6,12; 7,8; 9,26; Ер 15,21; 31,11; 32,21; Ос 13,4; Пс 77,15; 81,11; 1 Лет 17,21; Дела 13,17Затоа, појди и кажи им на синовите на Израел, велејќи: ‚Јас сум Господ, ќе ве изведам од египетското ропство, ќе ве избавам од насилството нивно, ќе ве спасам со силна рака и со строга казна. 7#1 Мојс 17,7; Ис 43,10; Ез 11,20Ќе ве земам за свој народ и ќе ви бидам Бог, па ќе познаете дека Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ќе ве изведе од египетското ропство. 8#3,8; 1 Мојс 12,7; 14,22; 24,7; Ер 11,5; Ез 20,6; Пс 136,21-22; Откр 10,5-6И ќе ве воведам во онаа земја, за која кренав рака и се заколнав дека ќе му ја дадам на Авраам, на Исак и на Јаков; и ќе ви ја дадам вам во наслед­ство. Јас сум Господ!‘“ 9#5,21Мојсеј им го кажа тоа на синовите на Израел, но тие не го послушаа Мојсеј од малодушност, поради тешкото ропство. 10Тогаш Господ пак му рече на Мој­сеј, велејќи: 11#3,18; 6,29„Влези, кажи му на фараонот, царот египетски, да ги пушти израелските синови од земјата своја.“ 12#3,18; 4,1.10А Мојсеј проговори пред Господ и рече: „Ете, синовите на Израел не ме послушаа, а како ќе ме послуша фараонот? А освен тоа, јас сум спор во зборувањето.“ 13#3,10Но Господ им зборуваше на Мојсеј и на Арон, и им ги кажуваше Своите заповеди кон синовите на Израел и кон фараонот, царот египетски, за да ги пушти синовите израелски од земјата египетска.
Родословието на Мојсеј и Арон
14 # 1 Мојс 29,32; 4 Мојс 26,5-14; 1 Лет 5,1-10 Ова се старешините на нивните по­ко­ленија: синовите на Рувим, првородениот син Израелов: Ханох и Палу, Ес­ром и Карми; тоа се семејствата Рувимови. 15#1 Мојс 29,33; 4 Мојс 26,12-14; 1 Лет 4,24А синовите Симеонови се: Јемуел, Јамин, Оад, Јахин, Сигор и Саул, син на една Хананка. 16#1 Мојс 29,34; 46,11; 4 Мојс 3,17-20; 26,57-61; Ис.Н. 21,4-7; 1 Лет 5,27; 6,1-15А еве ги имињата на синовите Ле­ви­еви, според родовите нивни: Гирсон, Каат и Мерариј. А Левиј поживеа сто триесет и седум години. 17#4 Мојс 3,18; 1 Лет 6,2Синови, пак, Гирсонови беа: Ливниј и Семеј со семејствата нивни. 18#4 Мојс 3,19.27; 1 Лет 5,28; 6,3; 23,12Синови Каатови: Амрам и Јицхар, Хеврон и Узиил. А годините на Каато­виот живот беа сто триесет и три. 19#4 Мојс 3,20.33; 1 Лет 6,14.29; 23,21А синовите Мерариеви се: Махлиј и Мушиј. Тоа се семејствата на Левиј според родовите нивни. 20#2,1-2; 4 Мојс 26,59; 1 Лет 23,13Амрам се ожени со Јохеведа, тетката своја, и таа му ги роди Арон и Мој­сеј. Амрам поживеа сто триесет и седум години. 21#1 Лет 6,23Синови, пак, Јицхарови беа: Кореј, Нефег и Зихриј. 22#3 Мојс 10,4; 4 Мојс 3,30; 1 Лет 15,8; 2 Лет 29,13Синовите Узиилови се: Мисаил, Елцафан и Ситриј. 23#24,1; 28,1; 3 Мојс 10,1.6.12.16; 4 Мојс 1,7; 2,3; 3,2.32; 17,2.4; 26,60; 5 Мојс 10,6; Ис.Н. 14,1; Рута; 4,19-20; 1 Лет 2,10; 5,29; 24,1; Мт 1,4А Арон ја зеде за жена Елишева, ќерката Аминадавова, сестра Наасоно­ва; и таа му ги роди Надав и Авиу, Елеазар и Итамар. 24#6,21; 4 Мојс 16,1; 1 Лет 6,7.22Синови Кореови беа: Асир, Елкана и Авијасаф. Тоа е потомството Коре­ово. 25#4 Мојс 25,7.11; 31,6; Ис.Н. 24,33; Пс 106,30И Елеазар, синот Аронов, се ожени со една од ќерките Путиелови, и таа му го роди Финес. Тоа се старешините на Левиевото племе, според нивните семеј­ства. 26#3,10; 7,4; 12,17.41.51А Арон и Мојсеј, тоа се оние, на кои Господ им рече да ги изведат си­новите израелски од земјата египетска, подредени во дружини. 27#5,1; 4 Мојс 3,1; Пс 77,20Овие се оние, кои му зборуваа на фараонот, царот египетски, за да ги пушти синовите на Израел од земјата египетска; тоа се Мојсеј и Арон.
Бог го обновува Своето ветување кон Мојсеј
28 # 6,2-13 Во оној ден, кога Господ му говореше на Мојсеј во земјата египетска, 29#6,2му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Јас сум Господ. Кажи му го на фа­раонот, царот египетски, сѐ она што Јас ти го велам!“ 30#3,11; 4,10; 6,12А Мојсеј рече пред Господ: „Еве, недоброречив сум, па како ќе ме по­слуша фараонот?“

Селектирано:

Излез 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се