Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 33:7-11

Излез 33:7-11 MK2006

А Мојсеј го зеде шаторот свој, и го распна надвор од логорот, и се нарече скинија на собранието; и секој што Го бараше Господа, доаѓаше во скинијата на собранието, која се наоѓаше надвор од логорот. И кога Мојсеј тргнуваше кон скинијата, сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеј, до­дека не влезе во скинијата. А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеј. И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на ски­нијата; и сиот народ стануваше, и секој се поклонуваше пред влезот на својот шатор. И тогаш Господ зборуваше со Мој­сеј лице в лице, како што човек збо­рува со пријателот свој. Потоа Мојсеј се вра­ќаше во логорот, додека неговиот по­мош­ник, младиот Исус, синот Навинов, не излегуваше од скинијата.