Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 32:1-6

Излез 32:1-6 MK2006

А народот, кога виде дека Мојсеј долго време не слегува од планината, се собра пред Арон, и му рече: „Стани и направи ни бог што ќе оди пред нас, зашто не знаеме што се случи со оној човек – со Мојсеј, кој нѐ изведе од земјата египетска.“ Арон им рече: „Извадете ги златните обетки од ушите на вашите жени, синовите ваши и ќерките ваши, и донесете ми ги!“ И сиот народ ги извади златните обетки, што им беа на ушите, и му ги донесоа на Арон. А тој, откако ги зеде од рацете нивни, ги растопи во калапи и од нив излеа теле. И рекоа: „Еве го, Израеле, твојот бог, кој те изведе од земјата египетска.“ А кога го виде тоа Арон, направи жртвеник спроти него, и изјави и рече: „Утре е празник на Господ.“ Утредента, станувајќи рано, принесоа жртви сепаленици и жртви за спасение; и испоседна народот, та јадеа и пиеја, и потоа станаа да играат.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност