И Господ му рече на Мојсеј: „Качи се кај Мене на планината и остани тука; ќе ти дадам камени плочи со закон и заповеди, што ги напишав за да им бидат закон.“ Тогаш стана Мојсеј со Исус, неговиот помошник, и се искачи Мојсеј на планината Божја, а на старешините им рече: „Почекајте тука додека се вратиме кај вас; а, ете, Арон и Ор се со вас, па, ако има некој нешто за судење, нека оди кај нив.“
Прочитај Излез 24
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 24:12-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа