Излез 23
23
Почит кон слабите
1 #
20,16; 3 Мојс 19,16; 5 Мојс 5,20; 19,16-21; Пс 27,12; 35,11; Изреки 19,5; Мт 19,18 „Не примај лажни изјави; не мешај се со безбожник, та да бидеш сведок на насилство. 2#3 Мојс 19,15; 5 Мојс 1,16-17; 16,18-20; 24,17; 27,19; 1 Сам 8,3Не поведувај се по мнозинството да правиш зло и не согласувај се со мнозинството против правдата. 3#5 Мојс 1,17Кон сиромавиот не биди пристрасен кога води спор. 4#5 Мојс 22,1-4; Рим 12,20Ако сретнеш вол на непријателот, или негово магаре заскитано, одведи го кај него. 5#5 Мојс 22,4Ако видиш дека на твојот непријател му паднало магарето под неговиот товар, немој да го одминуваш, но да му помогнеш да се крене со него. 6#5 Мојс 1,17; 16,19; Изреки 22,22Немој да ја извртуваш правдата на сиромавиот твој кога води судски спор. 7#20,16; 34,7; 1 Мојс 18,23; 5 Мојс 19,18; 25,1; Мт 27,4; Ефес 4,25Бегај од неправдата и не убивај невин и праведен, бидејќи Јас нема да го оправдам беззаконикот. 8#5 Мојс 10,17; 27,25; 1 Сам 8,3; Ис 1,23; 5,23; Мих 3,11; 7,3; Пс 15,5; 26,10; Јов 15,34; 36,18; Изреки 6,35; 15,27Не примај мито, зашто митото ги заслепува очите на оние што гледаат и ги извртува делата на праведните. 9#22,20; 3 Мојс 19,33-34Туѓинец не притеснувај; вие знаете каква му е душата на туѓинецот, бидејќи и самите бевте туѓинци во земјата египетска.
Година за одмор и ден за одмор
10 #
3 Мојс 25,2-7
Шест години сеј ја земјата своја и собирај ги плодовите нејзини, 11#3 Мојс 25,1-7; 5 Мојс 24,19а седмата – остави ја нека отпочине, за да се хранат сиромасите на твојот народ; а со она, што ќе остане по нив, нека се хранат полските ѕверови; така прави и со лозјето твое и со маслинарникот твој. 12#20,8-9; 34,21; Лк 13,14Шест дена врши ги работите свои, а во седмиот ден отпочини, за да здивне волот твој и магарето твое, и да се одмори синот на робинката твоја, како и придојдениот. 13#5 Мојс 4,23; 12,3; Ис.Н. 23,7; Пс 16,4Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на туѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша.
Трите годишни празници
14 #
34,18-23; 5 Мојс 16,15; 1 Цар 9,25; 2 Лет 8,13 Трипати годишно прославувај Ме со празник: 15#12,17; 13,4; 3 Мојс 23; 5 Мојс 16,1-16; Мт 26,17; Лк 22,1; Дела 12,3пази го празникот Бесквасници; седум дена јади бесквасни лебови, како што ти заповедав, во определеното време во месецот авив, зашто во тој месец си излегол од Египет; да не се јавуваш пред Мене празен; 16#34,22; 3 Мојс 23,15-21.39; 4 Мојс 28,26; 5 Мојс 16,9; 2 Лет 8,13и празникот на жетвата од првите плодови од твојот труд, што си ги посеал на нивата твоја, и празникот на берењето плодови на крајот од секоја година кога го собираш родот од твоите ниви. 17Трипати годишно сите твои од машки пол треба да се јавуваат пред Господ. 18#12,8; 34,25Крвта од жртвата Моја да не се излива врз квасен леб, и од Мојата празнична жртва да не се остава до изутрина. 19#22,28; 34,26; 4 Мојс 18,12; 5 Мојс 14,21; 26,1-11Првите плодови од земјата твоја принесувај ги во домот на Господ, твојот Бог. Немој да вариш јаре во млеко од неговата мајка.
Ветување и упатства пред заминувањето
20 #
14,19; 15,17; 33,2; 1 Мојс 16,7; Мал 3,1 Еве, Јас праќам пред тебе ангел, за да те чува по патот, и да те воведе во земјата што сум ти ја приготвил. 21#3,15; 5 Мојс 9,7; 18,9; Ер 13,15Почитувај го и слушај го неговиот глас; и не противи му се, зашто и тој нема да ви го прости гревот, бидејќи името Мое е во него. 22#15,26; 1 Мојс 12,3; Ис 41,11; Ер 30,20Ако го послушаш гласот негов, и ако го извршуваш сѐ она што ќе ти речам, ќе им бидам непријател на непријателите твои и противник на противниците твои. 23#4 Мојс 13,29; 5 Мојс 7,1-5; Ис.Н. 3,10; 24,8.11; Езд 9,1Кога ангелот Мој ќе појде пред тебе и те одведе кај Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, Евејците и Јевусијците, и кога ќе ги истребам: 24#20,5.23; 34,13; 3 Мојс 18,3; 26,1; 4 Мојс 33,52; 5 Мојс 7,5; 12,3.30-31; 16,22; Суд 2,2; 1 Цар 14,23; 2 Цар 3,2; 17,10; 18,4; 23,14; Ис 27,9; 2 Лет 14,2немој да им се поклонуваш на боговите нивни, ни да им служиш, ниту да правиш што тие прават, туку скрши ги и спомениците нивни уништи ги. 25#15,26; 3 Мојс 26,3-13; 5 Мојс 7,12-15; 28,1-14; Мт 4,10Служете Му на Господ, вашиот Бог, и Тој ќе го благослови лебот твој, и водата твоја; и ќе те чувам од секаква болест. 26#1 Мојс 15,15; 3 Мојс 26,9; 5 Мојс 4,1.40; 7,14; 28,1-14; 30,9Жени што пометнуваат и жени бездетни нема да има во земјата твоја; и ќе направам бројот на деновите твои да биде полн. 27#15,14; 1 Мојс 35,5; 5 Мојс 7,23; 2 Сам 22,41; Пс 18,40; 21,13И ќе го пуштам ужасот Мој пред тебе, и ќе го уплашам секој народ, на кој ќе наидеш, и ќе ги свртам кон тебе грбовите на сите непријатели твои. 28#33,2; 34,11.24; 5 Мојс 4,38; 7,20-23; 11,23; 18,12; Ис.Н. 3,10; 24,11-12; Пс 78,55Ќе пратам пред тебе и стршени, и ќе ги изгонат Евејците, Хананците и Хитијците. 29#7,22Нема да ги истерам пред тебе за една година, за да не се запусти земјата и ѕверовите полски да не се размножат против тебе. 30#5 Мојс 7,22; Ис.Н. 23,5; Суд 2,6Малку по малку ќе ги изгонувам пред тебе, додека не се намножиш и не завладееш со земјата. 31#5 Мојс 7,24; 9,3; 11,24; 34,2-3; Ис.Н. 21,44; 24,12.18; Пс 80,7И ќе ти ја поставам границата твоја од Црвеното Море до Филистејското Море, и од пустината до реката, и ќе ви ги предадам во рацете оние, кои живеат во таа земја, и ќе ги истераш пред тебе. 32#34,12; 5 Мојс 7,2; Ис.Н. 9,7; Суд 2,2Со нив, и со боговите нивни да не сврзуваш завет. 33#Суд 2,3; Пс 106,34-40Да не останат во земјата твоја, за да не те наведат на грев против Мене; зашто, ако им служиш на боговите нивни, тоа ќе биде за тебе стапица.“
Селектирано:
Излез 23: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006