Не притеснувајте, ни вдовици, ни сираци; ако ги притесниш и тие повикаат кон Мене, ќе го чујам нивниот лелек, и ќе се распали гневот Мој, па со меч ќе ве убијам, и вашите жени ќе останат вдовици, а вашите деца – сираци. Кога на заем ќе дадеш пари на некој сиромашен од народот Мој, не присилувај го и не наложувај му лихва. Ако ја земеш во залог облеката од ближниот твој, врати му ја до зајдисонце; бидејќи таа му е единствена покривка, облека што го чува телото негово: со што ќе спие тој? И кога ќе повика кон Мене, Јас ќе го чујам, бидејќи сум милостив. Не проколнувај Го Господа, ни за старешината на твојот народ не зборувај лошо.
Прочитај Излез 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 22:21-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа