Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 18:13-23

Излез 18:13-23 MK2006

А утредента седна Мојсеј да му суди на народот; и сиот народ стоеше пред Мојсеј од утрото до вечерта. И тестот Мојсеев, гледајќи сѐ што тој прави со народот, рече: „Што пра­виш така со народот? Зошто само ти седиш, а сиот народ стои пред тебе од утро до вечер?“ А Мојсеј му одговори на тестот свој: „Народот доаѓа кај мене за да бара совет од Бога. Кога ќе им се случи некоја работа, тие доаѓаат при мене, и јас пресудувам помеѓу нив и им ги кажувам наредбите Божји и законот Негов.“ Но тестот Мојсеев му рече: „Не го правиш тоа добро. Ќе се измориш и ти и сиот народ, кој е со тебе; бидејќи таа работа е многу тешка за тебе; ти сам не можеш да ја извршуваш. Туку послушај ме сега и ќе те посоветувам, и Бог ќе биде со тебе; ти биди посредник пред Бога за народот, и работите нивни соопштувај Му ги на Бога: Учи ги на наредбите Божји и на законот Негов, и покажувај им го патот Негов, по кој треба да одат и делата што треба да ги вршат. А ти од сиот народ одбери способни луѓе, кои имаат страхопочит кон Бога; луѓе справедливи, кои мразат користољубие, па постави ги над нив како ил­јадници, стотници, педесетници, и десетари. Тие нека му судат на народот во секое време и да те известуваат за секое потешко дело; а за сите мали работи тие самите нека пресудат. Така ќе ти биде полесно и тие тебе ќе ти помагаат. Ако го направиш тоа, и Бог ти го одобри тоа, тогаш ќе можеш да ис­траеш, и сиот тој народ ќе си оди мирно во своето место.“