Од Елим се кренаа и целата заедница на синовите израелски дојде во пустината Син, која се наоѓа меѓу Елим и Синај, во петнаесеттиот ден од вториот месец, откако излегоа од египетската земја. И почна да се буни целата заедница на синовите израелски против Мојсеј и против Арон во пустината. И им рекоа синовите на Израел: „О, да бевме умреле од раката Господова во земјата египетска, кога седевме покрај котлите со месо и јадевме леб до насит! Нѐ изведовте овде во оваа пустина, за да го умрете целово ова множество со глад!“ А Господ му рече на Мојсеј: „Еве, ќе пуштам да паѓа леб од небото, и народот нека излегува секој ден и нека собира колку што е потребно за тој ден, за да го проверам ќе постапува ли според законот Мој или не; а во шестиот ден нека го зготват она, што го собрале, и тоа ќе стане двојно од она, што го собираат секој ден.“ Тогаш Мојсеј и Арон му рекоа на целиот народ израелски: „Вечерва ќе познаете дека Господ ве изведе од земјата египетска, а утре ќе ја видите славата Господова; зашто Тој го чу негодувањето ваше против Господ. Што сме ние, та да се буните против нас?“
Прочитај Излез 16
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 16:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа