Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 15:22-26

Излез 15:22-26 MK2006

Потоа ги поведе Мојсеј синовите израелски од Црвеното Море, и тие на­влегоа во пустината Сур; и одејќи низ пустината три дена, не најдоа вода за пиење. Дојдоа во Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше гор­члива; затоа и го нарекле тоа место Мара. Тогаш народот почна да вика против Мојсеј, велејќи: „Што ќе пиеме?“ Извика Мојсеј кон Господ, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му да­де наредби и закони, и таму го подложи на проверка. И му рече: „Ако го послушаш до­бро гласот на Господ твојот Бог, ако правиш што е угодно пред очите Него­ви, ако ги слушаш заповедите Негови и ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, твојот исцелител.“