Потоа ги поведе Мојсеј синовите израелски од Црвеното Море, и тие навлегоа во пустината Сур; и одејќи низ пустината три дена, не најдоа вода за пиење. Дојдоа во Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше горчлива; затоа и го нарекле тоа место Мара. Тогаш народот почна да вика против Мојсеј, велејќи: „Што ќе пиеме?“ Извика Мојсеј кон Господ, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му даде наредби и закони, и таму го подложи на проверка.
Прочитај Излез 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 15:22-25
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа