Синовите, пак, израелски минаа среде море по суво; водата стоеше како ѕид од десната страна и од левата страна. И ги избави Господ Израелците во тој ден од рацете на Египќаните. И ги видоа синовите израелски Египќаните што изумреа на морскиот брег. Ја виде Израел големата сила, што Господ ја покажа над Египќаните, и народот се уплаши од Господ, и поверува во Бога и на слугата негов Мојсеј.
Прочитај Излез 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 14:29-31
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа