А кога наближи фараонот, се обѕрнаа синовите израелски, и што ќе видат: ете, Египќаните идат по нив! И синовите израелски се уплашија многу, па извикаа кон Господ, и му рекоа на Мојсеј: „Зар немаше гробови во Египет, туку нѐ изведе овде да изгинеме во пустината? Што ни направи? Зошто нѐ изведе од Египет? Нели ти го кажавме ова и во Египет, кога ти рековме: ‚Остави нѐ, да им служиме на Египќаните?‘ Зашто подобро ќе ни беше да им робуваме на Египќаните, отколку да изгинеме во пустинава.“ А Мојсеј му рече на народот: „Не плашете се, застанете и ќе видите како Господ ќе ве спаси денес: Египќаните, како што ги гледате денес, нема повеќе никогаш да ги видите довека. Господ ќе се бори за вас, а вие бидете спокојни.“ И Господ му рече на Мојсеј: „Зошто викаш кон Мене? Кажи им на синовите на Израел нека врват. А ти земи го стапот свој и протегни ја раката своја врз морето, и раздели го, и нека минат синовите израелски, среде море по суво. Но, ете, Јас ќе го ожесточам срцето на сите Египќани, и тие ќе тргнат по нив. А Јас ќе ја покажам славата Своја над фараонот и над сета војска негова, над колите негови и над коњаниците негови. И Египќаните ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе се прославам над фараонот, над колите негови, и над коњаниците негови.“
Прочитај Излез 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: Излез 14:10-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа