Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 12:1-16

Излез 12:1-16 MK2006

И Господ им рече на Мојсеј и на Арон во земјата египетска, ве­лејќи: „Овој месец да ви биде почеток на месеците, да ви биде прв месец меѓу месеците во годината. Кажете му на целиот собор на синовите израелски: ‚На десеттиот ден од овој месец, секој нека земе јагне шилеже според бројот на челадта: значи, по едно на семејство. Ако се помалку во домот за едно јагне, нека го земе кај себе соседот, кој му е најблизок, со онолку души, колку што треба, за да можат да го изедат јагнето. А јагнето или јарето да ви биде здраво, машко, без недостаток, од една година; земете го од овците или од козите. И чувајте го до четиринаесеттиот ден од овој месец, а тогаш општиот со­бор израелски нека го заколе, во приквечерина. И нека земат крв од него и нека ги попрскаат обата довратника и горните прагови на куќата, во која ќе го јадат. И нека јадат месо истата ноќ, на оган печено, со пресен леб и со гор­чливи тревки, нека го јадат. Немојте да јадете од него сурово, ниту во вода варено, туку само на оган печено: со главата, со нозете и со внатрешнината. И ништо од него немојте да оставате до утрината; ако, пак, нешто од него остане до утрината, изгорете го на оган. А вака јадете го: опашани околу половината, обувките да ви се на нозете и стаповите ваши во рацете ваши, и јадете брзо: тоа е Пасха Господова. Зашто ќе поминам низ земјата еги­петска таа ноќ, и ќе го убијам секој првороден во земјата египетска, од човек до добиток, и ќе им се одмаздам на сите египетски богови, зашто Јас сум Господ. А крвта ќе ви биде знак на куќите, во кои ќе бидете: и кога ќе видам крв, ќе ве одминам, па нема да има меѓу вас помор, кога ќе ја казнам египетската земја. И тој ден ќе ви биде ден на сеќа­вање и празнувајте го тој празник, пос­ветен на Господ; празнувајте го од колено на колено; како трајна уредба. Седум денови јадете лебови без квас; уште од првиот ден отстранете го квасот од куќите ваши; зашто оној, кој ќе јаде нешто со квас од првиот до седмиот ден, тој ќе биде истребен од народот израелски. Во првиот ден да се соберете на свет собор; а и во седмиот ден напра­вете го истото; никаква работа да не вршите во тие денови. Освен за јадењето, за кого колку што треба, само тоа можете да го правите.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност