Царот ја запраша Естира исто така и во тој втор ден за време на гоштевањето: „Која е твојата желба, царице Естира? Таа ќе биде исполнета; и која е молбата твоја? Макар и за половина од царството, таа ќе биде исполнета.“ Царицата Естира одговори и рече: „Ако сум нашла милост во твоите очи, царе, и ако на царот му е угодно, нека ми бидат подарени мојот живот, по моја желба, и мојот народ, по моја молба! Зашто јас и мојот народ сме продадени да бидеме истребени, убиени и загинати. Да бевме продадени како робови и робинки, јас ќе молчев, макар непријателот и да не ја надомести штетата на царот.“ Проговори царот Ксеркс и ја праша царицата Естира: „Кој е тој и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да постапи така?“ Естира му одговори: „Непријателот е овој злобен Аман!“ И Аман затрепери пред царот и царицата.
Прочитај Естира 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: Естира 7:2-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа