Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Естира 7:1-10

Естира 7:1-10 MK2006

И дојде царот со Аман на гозбата кај царицата Естира. Царот ја запраша Естира исто така и во тој втор ден за време на гоштева­њето: „Која е твојата желба, царице Естира? Таа ќе биде исполнета; и која е молбата твоја? Макар и за половина од царството, таа ќе биде исполнета.“ Царицата Естира одговори и рече: „Ако сум нашла милост во твоите очи, царе, и ако на царот му е угодно, нека ми бидат подарени мојот живот, по моја желба, и мојот народ, по моја молба! Зашто јас и мојот народ сме продадени да бидеме истребени, убиени и загинати. Да бевме продадени како робови и робинки, јас ќе молчев, макар непријателот и да не ја надомести ште­тата на царот.“ Проговори царот Ксеркс и ја праша царицата Естира: „Кој е тој и каде е тој, кој се осмелил во своето срце да пос­тапи така?“ Естира му одговори: „Непријате­лот е овој злобен Аман!“ И Аман затрепери пред царот и царицата. И во гневот свој царот стана од гозбата и отиде во градината на дворецот; Аман, пак, остана да ја моли за животот свој царицата Естира, зашто виде дека од царот го чека зло. Кога царот се врати од градината кај дворецот во домот на гозбата, Аман се беше наведнал кон леглото, на кое седеше Естира. И царот рече: „Сака дури и да ја обесчести царицата во куќата моја!“ Излезе зборот од устата на царот, – му го покрија лицето на Аман. И рече Харвона, еден од царските слуги: „Еве ја бесилката што ја беше приготвил Аман за Мардохеј, кој го­вореше добро за царот, стои во домот на Аман, висока е педесет лакти.“ И царот рече: „Обесете го на неа!“ И го обесија Аман на бесилката што тој ја беше направил за Мардохеј. Тогаш гневот на царот стивна.