Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 5:8-17

Ефесјаните 5:8-17 MK2006

Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината! Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито – одлучете се за она што Му е мило на Бога! Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! Зашто за она што го прават скри­шум, срамно е и да се зборува. А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е. Затоа е речено: „Стани ти што спи­еш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“ Па така, внимавајте добро како жи­веете! Не како безумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави. Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 5:8-17