Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себе за неа, за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата, бидејќи ние сме делови на Неговото тело. „Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“ Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христос и за Црквата. И така, секој од вас да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себе, а жената да го почитува мажот свој.
Прочитај Ефесјаните 5
Слушај Ефесјаните 5
Сподели
Спореди ги сите верзии: Ефесјаните 5:25-33
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа