Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 5

5
Да се живее во светлина
1 # Мт 5,48; 1 Кор 11,1 И така, угледајте се на Бога, како чеда возљубени, 2#2 Мојс 29,18; Ез 20,41; Рим 14,15; Гал 2,20; Фил 4,18; Евр 10,10и живејте во љубов, како што и Христос ве возљуби и за нас се предаде Себеси како принос и жртва на Бога за пријатен мирис. 3#Кол 3,5.8А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии, 4#4,29; Кол 3,15ниту, пак, срамни и будалести збо­рови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност. 5Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец – кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог. 6#4,14; Рим 1,18; Кол 2,4.8; 3,6Никој да не се мами со празни збо­ро­ви; зашто поради нив доаѓа гневот Бож­ји врз синовите на непокорноста; 7затоа, не станувајте нивни соучесници. 8#2,11.13; Лк 16,8; Јн 12,36; 2 Кор 4,6; 1 Птр 2,9Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината! 9#Гал 5,22Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито – 10#Рим 12,2одлучете се за она што Му е мило на Бога! 11Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги! 12Зашто за она што го прават скри­шум, срамно е и да се зборува. 13#Јн 3,20-21А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е. 14#Ис 26,19; 51,17; 52,1; Рим 13,11; Евр 10,32Затоа е речено: „Стани ти што спи­еш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“ 15Па така, внимавајте добро како жи­веете! Не како безумни, туку како мудри; 16#Амос 5,13; 1 Кор 7,26.31ползувајте го времето, зашто дните се лукави. 17#Рим 12,2; Кол 1,9Затоа немојте да бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Божја! 18#Изреки 23,31И не опивајте се со вино, во него има разврат, но исполнете се со Дух. 19#Пс 33,2-3; Кол 1,3; 3,16Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во срцата ваши; 20#Кол 3,17благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Гос­под Исус Христос;
Жени и мажи
21 # 1 Птр 5,5 покорувајте се еден на друг во страхопочит Божја. 22#1 Мојс 3,16; Кол 3,18; 1 Птр 3,1Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ, 23#1,22-23; 1 Кор 11,3зашто мажот е глава на жената, ка­ко што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото. 24Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените да им се покоруваат на своите мажи во сѐ. 25#Евр 10,10.14; 13,12#Кол 3,19; 1 Птр 3,7Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црк­вата и се предаде Себе за неа, 26за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; 27#1,4; Песна 4,7; 2 Кор 11,2; Кол 1,22та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернување, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна. 28И така, мажите се должни да ги са­каат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. 29Зашто никој никогаш не го намра­зил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата, 30#Рим 12,5; 1 Кор 6,15; 12,27бидејќи ние сме делови на Неговото тело#5,30 Во некои ракописи кон овој стих е додадено: „од Неговото тело и коските Негови.“. 31#1 Мојс 2,24; Мт 19,5; Мк 10,7-8; 1 Кор 6,16„Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“ 32Оваа тајна е голема. Но јас ви збо­рувам за Христос и за Црквата. 33И така, секој од вас да си ја сака же­ната своја, како што се сака самиот себе, а жената да го почитува мажот свој.

Селектирано:

Ефесјаните 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се