Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 4:22-31

Ефесјаните 4:22-31 MK2006

тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно жи­ве­ење, кој се распаѓа во измамливите желби, за да се обновите со духот на својот ум и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во вистинска пра­ведност и светост. Поради тоа, откако ја отфливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме делови еден на друг. Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде над гневот ваш; и не давајте му место на ѓаволот. Крадецот да не краде веќе, туку не­ка се труди и подобро е да се труди со своите сопствени раце да го прави она што е добро, за да има што да му даде на оној што има потреба. Никаков гнасен збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за надградување каде што треба, за да им даде благодат на оние што слушаат. И не оскрбувајте Го Светиот Дух Божји со Кој сте запечатени за денот на откупувањето. Отстранете ја подалеку од вас секоја огорченост, јарост, гнев, викање и хулење заедно со секоја друга злоба.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 4:22-31