Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 4:11-16

Ефесјаните 4:11-16 MK2006

И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовести­тели, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во де­лото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота, та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лаж­ните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда. Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.