Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го проповедам на незнабошците неискажливото богатство Христово, и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос, та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на началствата и властите небесни, според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Господ, во Кого, преку верата во Него, имаме слобода да се доближуваме со доверба. Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.
Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос, од Кого се именува секој род на небесата и на земјата, да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во срцата ваши, та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е длабочина и височина, и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја. А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сѐ што ќе побараме или помислиме, Нему нека е слава во Црквата преку Исус Христос во сите родови и за сите векови. Амин!