Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ефесјаните 2:4-18

Ефесјаните 2:4-18 MK2006

Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака, иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христос и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус, за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус. Зашто по благодат сте спасени пре­ку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји! Не е од дела, за да не се пофали не­кој. Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив. Затоа помнете, вие, кои некогаш по тело бевте незнабошци, и наречени необрезани од таканаречените обрезани со телесно обрезание, правено со раце, дека во она време бевте без Хрис­тос, отстранети од општеството на Из­раел, без право на учество во заветите на ветеното, без надеж и безбожници во светот; но сега, во Христос Исус, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова. Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двата народи направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив, откако со телото Свое го уништи непријателството, а законот на запо­ве­дите и одредбите го обессили, за да создаде во Себе од двата еден нов човек, воспоставувајќи мир, и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уништи непријателството во себе. И, откако дојде, Тој ви благовести мир вам далечни и блиски, зашто преку него и едните и дру­ги­те имаме пристап кај Отецот во еден Дух.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Ефесјаните 2:4-18

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност